Негрижа за бањата во селото Стрновец

Иако лековита за ревматски и инфективни заболувања, бањата во селото Стрновец, оставена на забот на времето.
Лековит за ревматски и инфективни заболувања геотермалниот извор во непосредна близина на речното корито на Пчиња, во атарот на кумановското село Стрновец летово е во состојба како кога мештаните го откриле. Минатогодишното излевање на реката од околината на бањата однело се што беше практично и убаво за дневните бањски гости. Од паркот нема никаква трага, двата базена изградени пред пет години од еден гастарбајтер по потекло од овој крај, далеку се од првобитната состојба. Гардероберите се оштетени, ги нема тушевите. Лековитиот извор и без нормална „шминка“ го посетуваат и водата ја користат луѓе не само од Куманово и околината. Ги има и од другите места, ама и оние кои од западноевропските земји деновите од одморот ги минуваат тука.
Да се среди паркот, да има сенка, да се донесе песок, базенот да се измие, околината да се среди, да има дрвја.

Љутман Арифи по потекло од кумановското село Лопате, 31 година живее во Швајцарија. Тој со сопругата се капе во бањата, го чувствува нејзиниот благодет, но не му е јасно како е можно бањата да е во таква состојба.

„Првпат доаѓам овдека. Ми ја препорачаа луѓето. Слушнав дека е добра за реума. Сум бил во многу бањи и во Швајцарија, Австрија, Германија, но ова овдека е нешто сосема природно и вакво нешто не може да се најде никаде во Европа.“

Арифи смета дека со малку вложувања бањата може да се уреди.

„Да се среди паркот, да има сенка, да се донесе песок, базенот да се измие, околината да се среди, да има дрвја.“

РСЕ: Личат ли на оваа бања бањите во Европа?

„Не, не. Ние не сме Европјани, нашите услови овде се поинакви. Но оваа бања може да биде европска.“

РСЕ: Треба ли пари?

„Треба пари, ама треба и добра волја. Странците ако знаат за оваа бања сигурно ќе сакаат да доаѓаат, да потрошат пари, и да се види ова место. Овдека природата е прекрасна, луѓето се добри и гостопримливи“, вели
Треба пари, ама треба и добра волја. Странците ако знаат за оваа бања сигурно ќе сакаат да доаѓаат, да потрошат пари, и да се види ова место.
Арифи.

Лекувањето во овој геотермален извор е бесплатно. Тој припаѓа во категоријата на хипертермалните води. Водата се користи за хидротерапија, за ревматски и инфективни заболувања, но и за опоравување во постоперативните фази при ортопедски зафати, заболувања на периферните артериски садови и повреди на периферните нерви. Температурата на водата во текот на годината е 39 до 40 степени Целзиусови, па капачи има и зиме.

Стојан Петковиќ од Куманово вели дека последните две-три години со сопругата „прават“ по 20-ина бањи и добро се чувствуваат.

„Бањата по поплавата изгледа многу лошо. Треба да се реконструира. Оваа бања е благодет и реткост е во светот. Има таква бања во Бујановац, Србија.“

„Последните пет-шест години доаѓам со сопругата и внучињата. Моментално не личи на ништо. Кога се наплаќаше личеше на нешто. Да се направи паркот, да се исчистат базените“, вели Милорад Арсовски од Куманово.

Овој лековит извор, на 15-ина километри од Куманово кон граничниот
Моментално не личи на ништо. Кога се наплаќаше личеше на нешто. Да се направи паркот, да се исчистат базените.
премин Пелинце, во минимална надлежност е на општината. Градоначалникот на Старо Нагоричино Миодраг Јовановиќ вели:

„Топлите води се третираат како минерални сировини и се надлежност на Министерството за економија. По минатогодишната поплава Општината можеше да интервенира само на инфраструктурата, патот е истампониран,чистена е околината, сега работиме на чистење на речното корито на Пчиња. Двата базена кои пред две години ги направи еден гастарбајтер сега се во лоша состојба“, вели Јовановиќ.

Тој додава дека има можности за заживување на бањата и нејзино прераснување во туристички локалитет. За сега заинтересирани биле стопанственици со бањи во Словенија, но за тоа последниот збор ќе го имаат надлежните во централната власт.