САД и ЕУ повикаа на смирување на Косово по тензите настанати откако владата во Приштина им нареди на безбедносните сили да ја преземат контролата врз двата гранични премини со Србија. Во контроверзаната акција, без консултации со меѓународните фактори, загина еден полицаец, етнички Албанец, а во престрелките меѓу локалното српско население и косовските специјални сили беа повредени неколку лица.
НАТО соопшти дека по вчерашните инциденти на северот на Косово се зголемени патролите и нивото на готовност е подигнато со цел справување со какви било немири. Меѓународната заедница изрази загриженост за состојбата на Косово.
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон, разговараше со претседателот на Србија, Борис Тадиќ, и со косовскиот премиер, Хашим Тачи, за ситуацијата на северот од Косово. Таа ја изрази загриженоста на Унијата поради ескалацијата на тензиите и нагласи дека дијалогот, под покровителство на Унијата е единствен пат за пронаоѓање на решение. Ештон ги повика Тадиќ и Тачи да помогнат да се отстранат тензиите и да сторат се што е во нивна моќ за да ја смират ситуацијата.
Косовскиот Премиер Хашим Тачи одлуката за преземање на граничните премини ја нарече конкретен чекор кон воспоставување на владеењето на правото на северот на Косово.
„Акцијата која беше преземена не може да се смета како намера за провокација. Единствена цел беше воспоставување на правото и редот.“
Од друга страна, претседателот на Србија, Борис Тадиќ, смета дека со акцијата на косовската полиција се загрозува дилајогот меѓу Белград и Приштина. Тоа е закана дека мировниот процес се доведува до крај пред да даде видливи и конкретни резултати, изјави Тадиќ.
„Само што бевме почнати да работиме кон заеднички прифатливо решение, Србија се соочува со заседа од оние кои веруваат дека унилатерално воспоставување на нова реалност со насилство е подобар начин од диплматијата и политиката.“
И САД сметаат дека е потребно итно да се спречи ескалацијата на насилството на Косово. Во соопштението на американската Амбасада во Белград се наведува дека САД сакаат да видат мирна ситуација во северно Косово и ги повикуваат Белград и Приштина да ги постават условите за позитивен реципроцитет, односно услови под кои двата народи и стоката слободно ќе се движат меѓу Србија и Косово. Од американската Амбасада нагласуваат дека случувањата во северно Косово „не се одиграле во соработка со меѓународната заедница“.
Проблемот е кој ќе се грижи за чувањето на границата. Српските власти бараат на премините кон Србија да работат цариници од ЕУЛЕКС и Срби, кои се припадници на косовската полиција, како што беше и досега. Приштина, пак, на границата сака да работат и Албанци припадници на полицијата.