Не е важна правдата, важен е политичкиот договор - ова е пораката што власта ја праќа со амнестијата на Хашките случаи, сметаат експертите.
Законот за амнестија кој го усвои Собранието, експертите го оценуваат како политички чекор на власта, а не задоволување на правдата. Со законот се ослободуваат лицата за кои постои сомневање дека подготвиле или сториле кривични дела поврзани со конфликтот во 2001 година. Македонија има обврска со преземањето на Хашките случаи да води
судска постапка за случаите како што е брутално насилство врз цивилното население, вели активистот за човекови права Мирјана Најчевска.
„Пораката која што се праќа е - не е важно правото, важен е политичкиот договор, не е важна правдата, важен е политичкиот договор и дека насилството се исплати.“
Претседателот на Хелсиншкиот комитет, Осман Кадриу вели дека она што прво паѓа во очи е што доцна се реагира со автентичното толкување на Законот за амнестија, кој е донесен во 2002 година. Прашањето добива политички карактер, бидејќи се постави сега пред новиот состав на Парламентот и пред изборот на Владата.
„Сега не можеме да зборуваме за правдата и дали е таа задоволена затоа што овде веќе имаме една друга ситуација, а тоа е ситуација на политика, политичка одлука, политичко дејствување.“
Најчевска смета дека се поставува прашањето дали таквите промени отвараат врата за помирување во Македонија, бидејќи ресторативната правда има поинакви стандарди, кои не се запазени.
„Тие стандарди пред се се однесуваат на она што претставува заеднички разговор, седнување на заедничка маса на жртвите и на сторителите на криминалните дејствија. Само на тој начин со актот на простување на жртвите кон сторителите на криминалните дејствија може да се отвори вратата кон ресторативната правда.“
Кадриу додава дека прашањето за Хашките случаи задира во една чуствителна тема, како што се меѓуетничките односи во земјава.
„Треба да се види резултатот од самиот закон, односно од самото автентично толкување што ќе биде составен дел од законот, но сметам дека нема позитивно да се одрази на меѓуетничките односи.“
Според Најчевска на осомничените им се ускратува правото на одбрана, со што сите стануваат претпоставени сторители на делото.
„На тој начин всушност се создава многу добра плодна почва за идни можни меѓуетнички конфликти.“
Од петте случаи за воениот конфликт во 2001 година, Хаг го процесуираше само случајот Љуботен.
Пораката која што се праќа е - не е важно правото, важен е политичкиот договор, не е важна правдата, важен е политичкиот договор и дека насилството
се исплати.
судска постапка за случаите како што е брутално насилство врз цивилното население, вели активистот за човекови права Мирјана Најчевска.
„Пораката која што се праќа е - не е важно правото, важен е политичкиот договор, не е важна правдата, важен е политичкиот договор и дека насилството се исплати.“
Претседателот на Хелсиншкиот комитет, Осман Кадриу вели дека она што прво паѓа во очи е што доцна се реагира со автентичното толкување на Законот за амнестија, кој е донесен во 2002 година. Прашањето добива политички карактер, бидејќи се постави сега пред новиот состав на Парламентот и пред изборот на Владата.
„Сега не можеме да зборуваме за правдата и дали е таа задоволена затоа што овде веќе имаме една друга ситуација, а тоа е ситуација на политика, политичка одлука, политичко дејствување.“
Најчевска смета дека се поставува прашањето дали таквите промени отвараат врата за помирување во Македонија, бидејќи ресторативната правда има поинакви стандарди, кои не се запазени.
„Тие стандарди пред се се однесуваат на она што претставува заеднички разговор, седнување на заедничка маса на жртвите и на сторителите на криминалните дејствија. Само на тој начин со актот на простување на жртвите кон сторителите на криминалните дејствија може да се отвори вратата кон ресторативната правда.“
Треба да се види резултатот од самиот закон, односно од самото автентично толкување што ќе биде составен дел од законот, но сметам дека нема позитивно да се одрази на меѓуетничките односи.