Под овој наслов, весникот Фајненшал Тајмс објавува коментар на Сајмон Купер за маскарот во Сребреница, кога пред 16 години силите на босанските Срби под команда на генерал Ратко Младиќ убија околу 8 илјади босански муслимани.
Јули 1995 во Сребреница, Босна. Командантот на босанските Срби, генерал Ратко Младиќ му вика на холандскиот командант Том Кареманс:
„Не ми кажувај глупости. Одговори на моите прашања. Дали вие дадовте наредба да се пука врз моите војници?“
Кареманс кој личи на човек кој е заглавен во ноќен кошмар вели:
„Им дадов наредба да се бранат.“
Ова е дел од видеото снимено од српски камерман во кое Младиќ пали цигара и точно знае што прави. Ставајќи ја раката на ѕидот зад Кареманс, вели:
„Вие сте тука да им помагате на муслиманите и Хрватите.“
Кареманс изгледа изморено и шепоти нешто.
„Молам?“, прашува преведувачот, на што Кареманс повторува:
„Јас сум пијанист. Не го убивајте пијанистот.“
На ова Младиќ му се заканува:
„Вие сте лош пијанист. Дали сте оженет. Имате ли деца?“
Наместо пијанистот, војниците на Младиќ убија 8 илјади муслимански мажи кои требаше да бидат заштитени од Холанѓаните. Младиќ конечно е во Хаг. Неговиот масакар е босанска траума. Со време, тоа веројатно ќе стане и српска траума. Како и да е, масакрот во Сребреница е холандска траума. Младиќ ја најде вечната слаба точка на земјата.
Најголемиот масакр во Европа по 1945 година се случи кога неколку стотици холандски војници требаше да ја штитат енклавата Сребреница. Немаа мандат да пукаат ако не бидат нападнати. Што е уште полошо тие дојдоа од земја во која воопшто не постои воена традиција. Во невозможните услови, се што направија беше лошо. Повеќето од нив сакаа само живи да си одат од Босна.
Откако Младиќ влезе во Сребреница, муслиманите избегаа кај Холанѓаните, мислејќи дека ќе ги спасат. Но тие само посматраа како војниците на Младиќ ги извлекуваа муслиманите. Маскрот почна. Конечно Младиќ им дозволи на холандските сили да ја напуштат Сребреница. На друго видео се гледа како Младиќ му дава на Кареманс два подарока:
„Дали е тоа за мојата жена“, прашува.
Со палецот кренат нагоре Младиќ му одговара:
„Среќен пат.“
Кога холандските војници стигнаа дома, принцот Вилијам Александар изјави дека е горд за завршената мисија во Сребреница. Тие добија и медали. Но, наскоро холандското расположение се смени. Сребреница не беше само хорор, туку и потсетување на уште еден: убивањето на три четвртини од сите холандски Евреи за време на хитлеровата војна. И тогаш, спротивно од странскиот мит, стоеја и гледаа. Ниту една друга западна земја не загуби толку Евреи како Холандија.
Холандската влада побара од Институтот за воена документација да напише официјален извештај за Сребреница. Кога извештајот се појави во 2002 година, владата поднесе оставка. Во извештајот, меѓу другото, се наведува дека холандските војници имале негативни стереотипи за жителите на Сребреница и оти биле уплашени.
„Тие дејствуваа како лалиња“, вели писателката Јања Бек Нојман, израз што на српско-хрватски значи „уплашено и беспомошно“.
На Младиќ му се суди. Можеби ќе следи и судење против Холандија. Преживеаните од Србереница веќе почнаа законска постапка против таа земја, се наведува во текстот објавен во Фајненшал тајмс.

Најголемиот масакр во Европа по 1945 година се случи кога неколку стотици холандски војници требаше да ја штитат енклавата Сребреница. Tие дојдоа од земја во која воопшто не постои воена традиција. Во невозможните услови се што направија беше лошо. Повеќето од нив сакаа само живи да си одат од Босна.
Кареманс кој личи на човек кој е заглавен во ноќен кошмар вели:
„Им дадов наредба да се бранат.“
Ова е дел од видеото снимено од српски камерман во кое Младиќ пали цигара и точно знае што прави. Ставајќи ја раката на ѕидот зад Кареманс, вели:
„Вие сте тука да им помагате на муслиманите и Хрватите.“
Кареманс изгледа изморено и шепоти нешто.
„Молам?“, прашува преведувачот, на што Кареманс повторува:
„Јас сум пијанист. Не го убивајте пијанистот.“
На ова Младиќ му се заканува:
„Вие сте лош пијанист. Дали сте оженет. Имате ли деца?“
Наместо пијанистот, војниците на Младиќ убија 8 илјади муслимански мажи кои требаше да бидат заштитени од Холанѓаните. Младиќ конечно е во Хаг. Неговиот масакар е босанска траума. Со време, тоа веројатно ќе стане и српска траума. Како и да е, масакрот во Сребреница е холандска траума. Младиќ ја најде вечната слаба точка на земјата.
Генерал Ратко Младиќ со холандскиот командант на силит на ОН, Том Кареманс, во Поточари на 12 јули 1995 година.