Достапни линкови

Кој е Ратко Младиќ, најбараниот човек од Хаг?


Ратко Младиќ во Сребреница во 1995 година
Ратко Младиќ во Сребреница во 1995 година

Генералот на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ, е обвинет за најголемото воено злосторство после Втората светска војна.

Сребреница, јули 1995 година. Силите на босанските Срби штотуку го освоија градот, но генералот Ратко Младиќ уверува илјадници босански муслимани дека тие ќе бидат безбедни.

„Не се плашете од ништо. Полека. Жените и децата нека одат први. Триесет автобуси ќе ве префрлат кон Кладањ. Не плашете се. Никој нема ништо да ви направи.“
Не се плашете од ништо. Полека. Жените и децата нека одат први. Триесет автобуси ќе ве префрлат кон Кладањ. Не плашете се. Никој нема ништо да ви
направи.

Една недела подоцна, повеќе од 7 илјади луѓе од Сребреница беа мртви. Според обвинението на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија, откако со автобуси биле префрлени жените од Сребреница, истиот ден, биле апсени и егезекутирани мажи и момчиња под директна наредба на генералот Младиќ. Силите на босанските Срби подоцна се обиделе да се ослободат од доказите со закопување на телата во масовни гробници во одалечени и теко достапни подрачја.

Бегалци од Сребреница во 1995 година

Масакрот во Сребреница беше најголемото злосторство извршено во Европа од крајот на Втората светска војна. Сето тоа беше шокантно, бидејќи Сребреница беше прогласена за заштитена зона на Обединетите нации каде што бегалците од другите места на со војна зафатената Босна и Херцеговина можеа да најдат засолниште.

На Младиќ, кој повеќе од една деценија успеваше да се крие, сега во Хаг ќе му се суди за геноцид. Според обвинението против него, Младиќ се
Со директни погодоци држете ги под оган Претседателството и Собранието и тепајте полека, во интервали додека јас не наредам да се прекине.

товари и за организирање на бомбардирањето на Сараево, политичка стратегија на тогашниот претседател на босанксите Срби, Радован Караџиќ, кој исто така беше уапсен во Србија во 2008 година.

Двајцата се обвинети за етничко чистење на несрпското население во Босна преку тортура, заплашување, трансфер на население и масовни убиства.

Ратко Младиќ пристигнува на аеродромот во Сараево во 1993 година. Аеродромот е под контрола на ОН.

Блокадата на Сараево од страна на војниците под команда на Младиќ, која траеше од април 1992 до март 1996 година, беше најдолгата опсада во современото урбано војување. Се проценува дека за време на опсадата загинале над 12 илјади луѓе, претежно цивили додека 50 илјади биле ранети. Еве дел од радио комуникацијата меѓу Младиќ и еден снајперист:

Младиќ: „Генерал Младиќ е.“

Снајперист: „Да, повелете.“

Младиќ: „Без паника, кој си ти?“

Снајперист: „Вукашиновиќ.“

Младиќ: „Со директни погодоци држете ги под оган Претседателството и Собранието и тепајте полека, во интервали додека јас не наредам да се прекине.“
Ратко Младиќ во Горажде во 1994 година

Снајперист: „Разбирам.“

По завршувањето на војната во Босна, Младиќ бега во во Белград, каде што ја има заштитата на тогашниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ. Можеше да се види во ексклузивни ресторани и на фудбалски натпревари. По апсењето на Милошевиќ и неговото предавање во Хаг во 2001 година, Младиќ исчезна од јавноста. Во почетокот на 2006 година, Европската комисија ја предупреди Србија дека се соочува со избор - да ги предаде Младиќ и Караџиќ, или да се откаже од својата амбиција за поблиски врски со Европската унија.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG