За деветте индустриски зони во пелагониските општини се бараат инвеститори во Корча, Албанија и Грција.
Изградбата на деветте индустриски зони во пелагониските општини е при крај. На инвеститорите им се нуди незиградено градежно земјиште од едно евро за метар кавдратен и ослободување од комуналии. Освен во Македонија, преку презентација на понудата се побараа инвеститори и во Корча, Албанија и Лерин, Грција. Емилија Героска, директор на Центарот за плагониски развој, вели дека се нудат „од можност за изградба на автобуска станица во Прилеп, до можност за изградба на голф терени во Битола, во општина Демир Хисар огромни хали во солидна состојба, до можност за изградба на типски куќи за развој на рурален туризам во Мариово, откупни центри за јаболко во Ресен.“
И покрај економската криза, понудата побудила интерес во Грција.
„Во протоколарниот дел и градоначалникот на Лерин и претседателот на Стопанската комора кажаа дека заради катастрофалната економска ситуација во Грција бизнисмените ни на крај на памет не размислуваат за проширување на бизнисот надвор од границите, за веднаш по презентацијата да имаме страшно конкретна заинтересираност од бизнисмените“, вели Героска.
Рубин Николовски, соработник во Центарот, вели дека Албанците пројавиле интерес за инвестиции во турзимот.
„Беа заинтересирани за искористување на компаративните потенцијали кои регионот ги нуди. Пред се за финските села за развој на туризмот зашто прекуграничниот регион Корча-Пелагонија го гледаат како една дестинација, една интегрирана тура, нешто се случува таму, но започнува и завршува таму. Идејата е да се поврзат тие два региони.“
Сепак, засега инвеститори имаат купено парцели само во битолската зона „Жабени“.
„13 инвеститори купија 19 парцели. Вкупно околу 25 хектари ќе бидат изградени со фабрики. Се гради пристапниот пат за влез во зоната, одводната канализација е направена, водоводната мрежа е донесена, околу 14 милиони денари чинеше проектот за носење на чиста вода за пиење до ова место“, вели битолскиот градоначалник Владимир Талески.
Заради катастрофалната економска ситуација во Грција бизнисмените ни на крај на памет не размислуваат за проширување на бизнисот надвор од границите, за веднаш по презентацијата да имаме страшно конкретна заинтересираност од бизнисмените.