Помоќните играчи ја придвижија македонската берза, додека помалите инвеститори се помалку активни, покажуваат податоците од тргувањето во првото полугодие од годинава.
Според бројките, бројот на трансакции е намален во споредба со истиот период лани, но од друга страна забележана е зголемена вредност на блок трансакции. Накратко во три блок-трансакции, повеќе пари „поминале“ низ пазарот во помалку наврати. Се` на се` порастот на прометот е 250 проценти во споредба со првите шест месеци тргување лани. Директорот
на македонската берза Иван Штериев вели дека забележан е значаен пораст на блок трансакциите.
„Значи оваа година пријавени се 32 блок-трансакции, наспроти 11 минатата година, но уште повеќе во вредноста на тие пријавени блок трансакции 3,5 милијарди во овие шест месеци наспроти само 268 милиони денари минатата година.“
Од податоците може да се заклучи дека поголемите инвеститори поактивно тргувале на берзата, додека останатите не се толку активни. Запрашан дали ваквата констатација е точна, директорот Штериев одговара:
„Па не е спорно тоа, констатацијата би била – лексиката може да ја бираме ваква или таква, но тоа е тоа, затоа и неколку пати кажав дека овој пораст голем се должи на големи трансакции, на аукции јавни, а дека тргувањето без системот е се уште на некои нивоа кои би сакале да се зголемат.“
Инвеститорите се неедуцирани, а проблем има и со ликвидноста, вели диреторот на брокерска куќа Јованче Тасковски:
„Во ситуацијата нашиот пазар не го води економската логика пред се поради големата неликвидност и се уште неедуцираноста на малите акционери па дури и на големиот број на инвеститори. Мал е бројот на
институционалните инвеститори како што се отворени и затворени фондови кои што би требало да ја преземат водеачката улога на пазарот.“
Потребно е време за работите да се променат, вели Тасковски:
„Праксата покажува дека е ситуацијата се менува во корист на пазарот и пореално вреднување на компаниите, но сепак мое мислење е дека тоа е временски процес кој не може да даде резултат преку ноќ.“
Кон ова и податокот дека учеството на странските инвеститори на македонската берза е сведен на околу 25 проценти, а според директорот на берзата, за нивно привлекување потребно е домашните компании да покажат посолидни резултати.
на македонската берза Иван Штериев вели дека забележан е значаен пораст на блок трансакциите.
Оваа година пријавени се 32 блок-трансакции, наспроти 11 минатата година.
„Значи оваа година пријавени се 32 блок-трансакции, наспроти 11 минатата година, но уште повеќе во вредноста на тие пријавени блок трансакции 3,5 милијарди во овие шест месеци наспроти само 268 милиони денари минатата година.“
Од податоците може да се заклучи дека поголемите инвеститори поактивно тргувале на берзата, додека останатите не се толку активни. Запрашан дали ваквата констатација е точна, директорот Штериев одговара:
„Па не е спорно тоа, констатацијата би била – лексиката може да ја бираме ваква или таква, но тоа е тоа, затоа и неколку пати кажав дека овој пораст голем се должи на големи трансакции, на аукции јавни, а дека тргувањето без системот е се уште на некои нивоа кои би сакале да се зголемат.“
Инвеститорите се неедуцирани, а проблем има и со ликвидноста, вели диреторот на брокерска куќа Јованче Тасковски:
„Во ситуацијата нашиот пазар не го води економската логика пред се поради големата неликвидност и се уште неедуцираноста на малите акционери па дури и на големиот број на инвеститори. Мал е бројот на
Мал е бројот на институционалните инвеститори како што се отворени и затворени фондови кои што би требало да ја преземат водеачката улога на пазарот.