Беспарица е, но распродадените туристички аранжмани покажуваат дека македонските граѓани не се откажуваат од летен одмор.
Македонските граѓани се на почетокот на летната сезона во која како и секоја година патуваат и одат на одмори, покажуваат евиденциите на туристичките агенции. Најпопуларен избор за патување останува Грција и покрај сите кризи и неприлики што се случуваат овие денови, никој се нема откажано од патување или уплата на аранжман за Грција, укажуваат од туристичките агенции.
„Јули и почетокот на јули, 90% е скоро се пополнето, значи има се уште места по некој апартман во некои хотели и дестинации“, вели туристичкиот работник Нехар Селим.
Посебно атрактивен беше јуни кога поради ниските цени како на пример 49 евра за една недела во Грција се резервираше уште во мај. Оваа земја ни одговора и бидејќи е блиску. Втора дестинација каде што масовно се патува е Турција, а традиционално се оди и во Хрватска, Црна Гора и Шпанија.
„Не е битна толку цената, бидејќи сепак луѓето одат на одмори ова лето и покрај економската криза и тоа надвор од Македонија.“
„Се мислиме каде, можеби Црна Гора или Грција, но не се знае за Грција, се мислам дека Црна Гора би бил изборот.“
„Луксуз е да се оди на одмор, меѓутоа ете така ќе најде човек некакви можности и мислам дека треба секое семејство барем неколку дена да се посвети и да се одмори.“
Од агенциите потврдуваат дека првите смени од аранжманите во Шпанија се пополнети, цените во Грција за апартман се движат од 140 евра па нагоре, најевтиното патување со авион за Турција е од 300 евра, а според евиденциите цените за Шпанија годинава се поевтини, почетната цена е од 500 евра.
Во последно време, се повеќе граѓани се определуваат и за одмор во земјава, но не само на традиционалните туристички дестинации како Охрид, Преспа, Дојран. За некои македонски граѓани, од исклучително значење е да се оди еднаш годишно на макар покус одмор на некое планинско одморалиште или некои друго место.
„Некако ми беше во план да направам прошетка низ Македонија, повеќе знаменитости што ни се локално сакам да ги видам. Ги немам прошетано тие места и верувам дека годинава ќе имам можност“, вели граѓанин.
Не е битна толку цената, бидејќи сепак луѓето одат на одмори ова лето и покрај економската криза и тоа надвор од Македонија.
„Јули и почетокот на јули, 90% е скоро се пополнето, значи има се уште места по некој апартман во некои хотели и дестинации“, вели туристичкиот работник Нехар Селим.
Посебно атрактивен беше јуни кога поради ниските цени како на пример 49 евра за една недела во Грција се резервираше уште во мај. Оваа земја ни одговора и бидејќи е блиску. Втора дестинација каде што масовно се патува е Турција, а традиционално се оди и во Хрватска, Црна Гора и Шпанија.
„Не е битна толку цената, бидејќи сепак луѓето одат на одмори ова лето и покрај економската криза и тоа надвор од Македонија.“
„Се мислиме каде, можеби Црна Гора или Грција, но не се знае за Грција, се мислам дека Црна Гора би бил изборот.“
„Луксуз е да се оди на одмор, меѓутоа ете така ќе најде човек некакви можности и мислам дека треба секое семејство барем неколку дена да се посвети и да се одмори.“
Луксуз е да се оди на одмор, меѓутоа ете така ќе најде човек некакви можности и мислам дека треба секое семејство барем неколку дена да се посвети и да
се одмори.