Недостаток на слобода, експлоатација и маниупулација, непочитување на стандардите, затворање на медиумите – медиумскиот простор пред тешки предизвици.
Недостаток на слобода, непочитување на професионални стандарди и присуство на говор на омраза. Ова се дел од забелешките на учесниците на конференцијата насловена „Образованието за новинари, професионалните вредности и културната разновидност“ во организација на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и УНЕСКО. Новинарот Александар Чомовски забележува дека на македонските медиуми им недостига слобода:
„Таа во Македонија политичките елити ја продаваат во квантитативна форма. Една од бизарностите што ја слушаме е дека „па не е во Македонија страшно, погледнете колку имате телевизии, весници, тоа е израз на демократија“, но она што е страшно, што јас не можам да видам или се помалку гледам се различни, полемични и демократски становишта.“
Чомовски предвидува дека новинарскиот труд ќе поевтини на македонскиот пазар:
„Тоа е бизарноста, во овој момент имате веројатно на слободниот пазар, а и ќе има, отпуштање на новинари, кои имаат некакво име и кредибилитет, но тоа не е израз на слободата на новинарскиот пазар, напротив тоа ја ограничува конкуренцијата и слободата затоа што го поевтинува новинарскиот труд и ја девалвира критичноста и кодексите, правила и стандарди и се доведуваме во една страшна дубиоза.“
Универзитетскиот професор Сефер Тахири забележува примери, од претходниот систем, но и од осамостојувањето на Македонија, за непочитување на професионалните стандарди и ширење на говор на омраза.
„Имало голем број на новинари кои што не ги почитувале стандардите и преку говорот на омразата и нетолеранцијата се обидувале да го издигнат својот авторитет.“
Забелешките на учесниците на конференцијата се случуваат во услови кога во јавноста се антиципира затворање на приватна телевизија во Македонија, додека во друг печатен медиум кој се перцепираше како
критичар на власта се најавуваат отпуштања на новинари. Новинари си заминаа и од единствениот електронски медиум кој фунцкионираше на принцип на мултиетничност.
Претседателката на независниот синдикат на новинари и медиумски работници, Тамара Чаусидис, предупредува дека на медиумите им претстои тежок период:
„Медиумската заедница мора да се освести, ние влегуваме во страшен период на нови затварања, нови губења на работни места итн. Доколку не се обединиме во онаа точка каде можеме да најдеме заеднички интерес, а тоа е пристојни плати и пристојни услови за работа, секој од нас ќе биде многу лесна мета за експлоатација и манипулација.“
Кон ова и забелешката на „Фридом хаус“ наведена во последниот извештај на организацијата, за зголемени казни за новинарите и осознавањето на, како што е наведено, „таргетирањето на опозициска медиумска групација со полициски рации и апсења, наводно поради финансиски криминал“.
Една од бизарностите што ја слушаме е дека „па не е во Македонија страшно, погледнете колку имате телевизии, весници, тоа е израз на демократија“, но она што е страшно, што јас не можам да видам или се помалку гледам се различни, полемични и демократски становишта.
„Таа во Македонија политичките елити ја продаваат во квантитативна форма. Една од бизарностите што ја слушаме е дека „па не е во Македонија страшно, погледнете колку имате телевизии, весници, тоа е израз на демократија“, но она што е страшно, што јас не можам да видам или се помалку гледам се различни, полемични и демократски становишта.“
Чомовски предвидува дека новинарскиот труд ќе поевтини на македонскиот пазар:
„Тоа е бизарноста, во овој момент имате веројатно на слободниот пазар, а и ќе има, отпуштање на новинари, кои имаат некакво име и кредибилитет, но тоа не е израз на слободата на новинарскиот пазар, напротив тоа ја ограничува конкуренцијата и слободата затоа што го поевтинува новинарскиот труд и ја девалвира критичноста и кодексите, правила и стандарди и се доведуваме во една страшна дубиоза.“
Универзитетскиот професор Сефер Тахири забележува примери, од претходниот систем, но и од осамостојувањето на Македонија, за непочитување на професионалните стандарди и ширење на говор на омраза.
„Имало голем број на новинари кои што не ги почитувале стандардите и преку говорот на омразата и нетолеранцијата се обидувале да го издигнат својот авторитет.“
Забелешките на учесниците на конференцијата се случуваат во услови кога во јавноста се антиципира затворање на приватна телевизија во Македонија, додека во друг печатен медиум кој се перцепираше како
Ние влегуваме во страшен период на нови затварања, нови губења на работни места итн. Доколку не се обединиме во онаа точка каде можеме да најдеме заеднички интерес, а тоа е пристојни плати и пристојни услови за работа, секој од нас ќе биде многу лесна мета за експлоатација и манипулација.