Дали со „Воинот на коњ“ испраќаме поинаков сигнал од официјалниот, дека Македонија е подготвена на решение за името.
Македонија изразува подготвеност да се реши спорот за името. Грција смета дека поставувањето на споменикот на Алекандар Македонски во Скопје е провокација што не води кон решение. Европската комисија се заканува дека може да ја повлече препораката за преговори, ако не продолжат реформите, а градоначалникот на Центар е подготвен да им го
подари Александар на Грците, ако не ја блокираат Македонија.
Толку ли е голема дипломатската прашина што ја дигна новопоставениот „Воин на коњ“, за крајно да ги замагли македонските евроинтеграции?
Професор Стево Пендаровски, кој беше еден од фаворитите на опозицискиот СДСМ на полето на надворешната политика на изминативе избори, вели дека со поставувањето на споменикот на Александар Македонски се испраќа многу лош политички сигнал. Со продолжување на политиката на антиквизација ние ги иритираме нашите сојузници во меѓународната заедница, вели тој.
„Ние со ваква политика ги иритираме нашите потенцијални сојузници, во Америка и во ЕУ коишто можеби можат да избалансираат некое неразумно барање на грчката страна какви што досега имаше во изминативе години на преговарачката маса кај Нимиц. Значи многу лош момент е избран за демонстрација на дипломатска надмоќ со поставувањето на споменикот.“
Тој вели дека со ваквите постапки, Македонија испраќа сигнал дека не планира „сериозно да влезе во процесот на преговори“.
Од друга страна, поранешниот министер за надворешни работи, Слободан Чашуле, вели дека поставувањето на споменикот нема никако да влијае, ниту на решавањето на спорот за името, ни на евроинтеграциите. Вели дека нема поголема навреда од тоа, една држава на друга да и го спори правото на идентитет. На Грција не треба да и се удоволува ништо, затоа што нивните барања не се во согласност со европските вредности и нивното прифаќање претставува „политичко етничко чистење“, дециден е Чашуле.
„Единствените што имаат проблем со Александар Македонски се одредени кругови во Македонија кои имаат за жал нагласена позиција во нашата јавност и постојано создаваат аргументи кои Грците потоа ги гледаат во смисла на тоа дека ние сме поделени и ги користат како свои за да вршат притисок врз нивните сојузници. Јас мислам дека со претстојниот банкрот на Грција тоа прашање завршува и ние ќе треба да си водиме сметка за нас, а не за тоа како се чувствуваат Грците, бидејќи нема поголема навреда од таа една држава на друга држава да и го спори правото на идентитет.“
Комесарот за проширување Штефан Филе, по вчерашната средба со премиерот Никола Груевски во Брисел, потсети дека во октомври 2009 година Европската комисија препорача почнување на преговорите за полноправно членство на Македонија во Унијата.
„Оваа препорака се уште е на сила и за да остане важечка, земјата треба да продолжи да напредува во реформскиот процес. Заради тоа, решавањето на спорот за името останува суштинско. Двете страни треба да продолжат да бидат вклучени, дали под покровителство на ОН или преку директни разговори. Премиерот Груевски денеска ме информираше за пристапот кон преговорите“, стои во писмената изјава на Филе.
Премиерот Груевски вчера во Брисел се сретна и со неговиот грчки колега Јоргос Папандреу.
„Македонскиот и грчкиот премиер изразија подготвеност за изнаоѓање на решение околу прашањето за името, решение кое би се остварило низ
дијалог и динамичен процес под покровителство на Обединетите нации“, стои во соопштението од македонската влада.
Во интервју за нашето радио пред една година, градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ изрази подготвеност да и го подари споменикот на Грција во знак на добра волја.
„Грците немаат намера да ни го дадат нашето природно право на самоопределување и самоизјаснување за тоа кои сме и што сме. Значи, доколку тие дозволат да ние бидеме Македонци како и што сме, без Северна, Горна или Долна, и се да си биде македонско, тогаш може како гест на добра волја и ова да се случи.“
Тодоровиќ тогаш рече дека сегашниот „Воин на коњ“ е всушност Александар Македонски.
Ние со ваква политика ги иритираме нашите потенцијални сојузници, во Америка и во ЕУ, кои што можеби можат да избалансираат некое неразумно барање на грчката страна, какви што досега имаше во изминативе години на преговарачката маса кај Нимиц. Значи многу лош момент е избран за демонстрација на дипломатска надмоќ со поставувањето на споменикот.
Толку ли е голема дипломатската прашина што ја дигна новопоставениот „Воин на коњ“, за крајно да ги замагли македонските евроинтеграции?
Професор Стево Пендаровски, кој беше еден од фаворитите на опозицискиот СДСМ на полето на надворешната политика на изминативе избори, вели дека со поставувањето на споменикот на Александар Македонски се испраќа многу лош политички сигнал. Со продолжување на политиката на антиквизација ние ги иритираме нашите сојузници во меѓународната заедница, вели тој.
„Ние со ваква политика ги иритираме нашите потенцијални сојузници, во Америка и во ЕУ коишто можеби можат да избалансираат некое неразумно барање на грчката страна какви што досега имаше во изминативе години на преговарачката маса кај Нимиц. Значи многу лош момент е избран за демонстрација на дипломатска надмоќ со поставувањето на споменикот.“
Тој вели дека со ваквите постапки, Македонија испраќа сигнал дека не планира „сериозно да влезе во процесот на преговори“.
Од друга страна, поранешниот министер за надворешни работи, Слободан Чашуле, вели дека поставувањето на споменикот нема никако да влијае, ниту на решавањето на спорот за името, ни на евроинтеграциите. Вели дека нема поголема навреда од тоа, една држава на друга да и го спори правото на идентитет. На Грција не треба да и се удоволува ништо, затоа што нивните барања не се во согласност со европските вредности и нивното прифаќање претставува „политичко етничко чистење“, дециден е Чашуле.
Со претстојниот банкрот на Грција тоа прашање завршува и ние ќе треба да си водиме сметка за нас, а не за тоа како се чувствуваат Грците, бидејќи нема поголема навреда од таа една држава на друга држава да и го спори правото на идентитет.
„Единствените што имаат проблем со Александар Македонски се одредени кругови во Македонија кои имаат за жал нагласена позиција во нашата јавност и постојано создаваат аргументи кои Грците потоа ги гледаат во смисла на тоа дека ние сме поделени и ги користат како свои за да вршат притисок врз нивните сојузници. Јас мислам дека со претстојниот банкрот на Грција тоа прашање завршува и ние ќе треба да си водиме сметка за нас, а не за тоа како се чувствуваат Грците, бидејќи нема поголема навреда од таа една држава на друга држава да и го спори правото на идентитет.“
Комесарот за проширување Штефан Филе, по вчерашната средба со премиерот Никола Груевски во Брисел, потсети дека во октомври 2009 година Европската комисија препорача почнување на преговорите за полноправно членство на Македонија во Унијата.
„Оваа препорака се уште е на сила и за да остане важечка, земјата треба да продолжи да напредува во реформскиот процес. Заради тоа, решавањето на спорот за името останува суштинско. Двете страни треба да продолжат да бидат вклучени, дали под покровителство на ОН или преку директни разговори. Премиерот Груевски денеска ме информираше за пристапот кон преговорите“, стои во писмената изјава на Филе.
Премиерот Груевски вчера во Брисел се сретна и со неговиот грчки колега Јоргос Папандреу.
„Македонскиот и грчкиот премиер изразија подготвеност за изнаоѓање на решение околу прашањето за името, решение кое би се остварило низ
Македонскиот и грчкиот премиер изразија подготвеност за изнаоѓање на решение околу прашањето за името, решение кое би се остварило низ дијалог и динамичен процес под покровителство на Обединетите
нации.