Пласманот најголем проблем за земјоделците

Пазарџии низ кумановските улици

Наместо организиран откуп, струмичките земјоделци години наназад во камиони паркирани по улиците низ поголемите градови во државата, ги продаваат производите.
Земјоделските производители на градинарски производи од струмичко и ова лето мака мачат со пласманот на производството. Тие по неколку деноноќија поминуваат во камионите, паркирани во близина на Спортската сала во Куманово, без никакви услови за хигиена, од кои од утро до мрак го нудат производството. И како што велат, не се знае дали
Слабо оди работа, нема купувачи. Има голем прилив, не се купува.

им е потешко да произведуваат во оранжериите или да го наплатат произведеното. Не ретко сета нивна мака завршува во контејнерите за отпад, а ратите за земените кредити чекаат неплатени.

„Слабо оди работа, нема купувачи. Има голем прилив, не се купува.“

„Народот нема пари од каде да земе,за да купи. Владата нека мисли да не ги троши парите на друго место,на народот да дава пари за да можат и социјалците и пензионерите да купат, ние да можеме да ја потрошиме робата.“

Министерот на земјоделие нека мисли на нас. Порано беше малку поубаво, сега е криза, народот нема пари. Во кантите бараат да јадат.
РСЕ: Како продавате, на големо, на мало?

„На големо, мешано, на мало даваме, колку парички имаат толку нека си купуваат. Парите се пари, не е важно“, вели шеесет и четиригодишниот Стојан Ангеловски од струмичкото селото Баница.

„Министерот на земјоделие нека мисли на нас. Порано беше малку поубаво, сега е криза, народот нема пари. Во кантите бараат да јадат и тоа што ние едно патлиџанче ќе го фрлиме тие го земаат да го јадат.“


Додека се мачат да го продадат произведеното, струмичани спијат под ведро небо, односно во приколките во кои е и нивното производство.

„Спиеме во камионот, се миеме на чешмата на кејот. По 3-4 дена остануваме, а потоа одиме дома, земаме нова роба и пак се враќаме. Цело семјство живее од ова. Немаме ни пензија, ни го симнаа и пензиското, ако добијам пензија и јас ќе се одморам,ако не до крајот на животот вака.“
Спиеме во камионот, се миеме на чешмата на кејот. По 3-4 дена остануваме, а потоа одиме дома, земаме нова роба и пак се враќаме.

„Нема живот за нас земјоделците. Од тоа живееме, фамилија од 7 души никој не е вработен никаде. Никој не води сметка за земјоделието.“

РСЕ: Зошто е така? Скапо ли е?

„Не е скапо. Што се 10 денари, една гума за џвакање. Ова е греота и срамота. Никој не води сметка за народот. И да сакаме нешто да земеме да јадеме, нема пари. Јадеме леб и патлиџан.“

„Не оди производството. Немаме никаква цена на патлиџанот“.

Кумановци немаат пари, им даваме за 50 денари гајба, а тие сакаат за 10 денари патлиџан да јадат, краставица 20 денари. Велат дека немаат пари. Ние имаме многу големи давачки. Спиеме во камионот заедно со производството. Се собираме како глувци во кафез“, вели Нада Ангелова од Баница, која со сопругот и внуците продава зеленчук, додека синовите и снаите се грижат за производството.

„Од седум-осум години сум со тоа. Сега синови и снаи работат. Тежок живот е!“

РСЕ: Ве брка ли некој од ова место?

„Немаме проблем, ние сме чисти земјоделци, тука плаќаме дневно по 150 денари. На пазарот е поскапо, зашто трговците го земаат од нас за 50,40 денари и го продваат таму поскапо“, вели дваесет и осум годишниот Ѓорѓи Стојанов.
На пазарот е поскапо, зашто трговците го земаат од нас за 50,40 денари и го продаваат таму
поскапо.

Тој вели дека и неговото семејство живее од земјоделие.

„Тешко е, но нема ништо друго и мора тоа да го работиме. Се надеваме дека ќе биде подобро.Во Куманово продаваме затоа што на други места нема простор. По 2.800 денари месечно плаќаме и пак понекогаш не бркаат. Премиерот треба нешто да направи за нас земјоделците.“

Трговците кои продаваат на тезги сметаат дека тие се нелојална конкуренција и дека не плаќаат закупнини за тезги, туку многу помала сума плаќаат на боксерски клуб кој го одржува паркингот. Од ЈП „Пазариште“ сметаат дека струмичани треба да продаваат во реонот на Добиточниот пазар на големо за да не создаваат метеж во близина на центарот на градот.