Во селото Горно Лакочереј, годинава по трет пат ќе се одржи манифестацијата „Ѓомлезијада“.
По Велестово и Скребатно, традицијата на охридската „Ѓомлезијада“ продолжува во селото Горно Лакочереј, каде во дворот на прекрасниот манастир со убава природа „Свети Спас“, оваа трета по ред манифестација ќе се одржи во сабота, на 18-ти јуни. Како дел од претставувањето на руралниот развој и неговите потенцијали, општина Охрид продолжува со организацијата на натпреварот на мајсторите на
вкусниот охридски специјалитет од тесто, што со музичката и фолклорна програма, изложувачите на кравјо и овчо сирење, кисело млеко и други домашни производи на локалното насление, се очекува да привлече голем број граѓани и гости, хотелиери, туристички агенции и градоначалници од југозападниот регион на оваа своевидна охридска атракција.
„Ѓомлезето е еден вид заштитен производ на
Охрид, којшто се нуди на сите менија во хотелите и рестораните на ова подрачје. И бидејќи поради неговата специфична изработка, е многу интересно за туристите кои доаѓаат од надвор, го зедовме да биде репер за одржување на оваа манифестација“, вели Весна Ангелеска од секторот за туризам и локален економски развој во охридската локална самоуправа.
Годинава, во подготвувањето на традиционалното ѓомлезе ќе се натпреваруваат дваесеттина учеснички, од кои најдобрите по дегустацијата ќе бидат наградени.
„Ѓомлезето е Охридски специјалитет. Тајната е во производството, односно во макотрпната работа, три часа се подготвува. Како што имам гледано од нашите мајки и баби. Се зема брашно, вода, сол и се прави каша, се загреваат два сача, се тура од кашата еден слој на тепсијата, се става сачот згора, тоа се потпечува, се трга сачот и повторно се става кашата, и така се прават 20-тина слоја
потпечени од тесто и после два и пол часа, ѓомлезето е готово за јадење. Се јаде со кисело млеко, не со вино“, објаснува Климе Тренески, советник во општина Охрид од Горно Лакочереј.
Тој вели дека оној кој досега не го вкусил овој специјалитет, неодминлив на трпезите за празниците и прославите, мора да го проба.
„Ѓомлезијадата кај манастирот „Свети Спас“, кој е на само неколку километри од Охрид, со пристапен асфалтен пат, ќе ги доближи тивките природни рурални убавини до гостите желни за одмор надвор од урбаните средини.
„И оваа манифестација која сега се одржува во Горно Лакочереј, е за напредок на руралните средини. За ваквите убавини народот во Македонија да ги види, а исто така и пошироко и туристите кои се дојдени во Охрид, се надевам дека ќе имаме посета и од нив, туристите кои за прв пат ќе дојдат во нашиот манастир. Се надевам и сметам дека ќе има иднина руралниот туризам во охридско“, вели Тренески.
Според него, манистирот „Свети Спас“, кој постои повеќе од 1 век, и со вредните икони, фрески, конак, чардаци, кујни, свои шуми, пасишта и ниви, е еден од побогатите во земјава, треба повеќе да се промовира во туристичката понуда на охридскиот регион, од што корист може да има и месното население со вклучување во угостителството и туризмот.
Бидејќи поради неговата специфична изработка, (ѓомлезето) е многу интересно за туристите кои доаѓаат од надвор, го зедовме да биде репер за одржување на оваа манифестација.
„Ѓомлезето е еден вид заштитен производ на
Охрид, којшто се нуди на сите менија во хотелите и рестораните на ова подрачје. И бидејќи поради неговата специфична изработка, е многу интересно за туристите кои доаѓаат од надвор, го зедовме да биде репер за одржување на оваа манифестација“, вели Весна Ангелеска од секторот за туризам и локален економски развој во охридската локална самоуправа.
Годинава, во подготвувањето на традиционалното ѓомлезе ќе се натпреваруваат дваесеттина учеснички, од кои најдобрите по дегустацијата ќе бидат наградени.
„Ѓомлезето е Охридски специјалитет. Тајната е во производството, односно во макотрпната работа, три часа се подготвува. Како што имам гледано од нашите мајки и баби. Се зема брашно, вода, сол и се прави каша, се загреваат два сача, се тура од кашата еден слој на тепсијата, се става сачот згора, тоа се потпечува, се трга сачот и повторно се става кашата, и така се прават 20-тина слоја
И оваа манифестација која сега се одржува во Горно Лакочереј, е за напредок на руралните
средини.