Грција на работ

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу, со реконструкција на владата за што ќе му треба нова парламентарна доверба, одговори на пропаднатие преговори со опозицијата за формирање влада на национално единство. До овој потег дојде по големите демонстрации и растечкото незадоволство на јавноста од строгите мерки за штедење со цел Грција да излезе од должничката криза.
Под притисок на странските кредитори, грчкиот премиер Јоргос Папандреу се обиде да се договори со опозицијата за формирање влада на национално единство со што би се овозможило усвојување на нацрт буџетот, кој пак е неопходен за деблокирање на новата помош од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.

Папандреу, по неколкучасовните разговори со лидерот на Нова Демократија Андонис Самарас, изјави дека му биле поставени неколку неприфатливи услови.

Грчките медиуми наведуваат дека меѓу нив биле: оставка на Папандреу, влада на национален спас со многу краток мандат од четири месеци и одржување предвремени избори.

„Бев јасен и никогаш не ја поврзував својата одговорност со власта. И покрај тоа, опозицијата го искористи овој мој напор за свои цели без политичка и национална одговорност“, изјави Папандреу.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Немири во Грција



До ова дојде откако десетици илјади луѓе демонстрираа во Атина и Солун против мерките на штедење кои треба да минат во парламентот, меѓу нив и зголемување на данокот и приватизација на јавните претпријатија.
Каква реконструкција на владата? Со исти министри? Се сеќавам дека нашите дедовци го правеа тоа. Секогаш се истите луѓе. Јадењето е инакво, но тенџерето е исто.

Полицијата употреби солзавец и шок бомби за да ги растера демонстрантите пред парламентот, при што дојде и до судири во кои имаше триесетина повредени и најмалку петнаесет приведени лица.

„Имам 25 години и не знам каква ќе ми биде иднината. Многу сум бесна на сегашната ситуација и ако ние не излеземе да протестираме, тогаш кој друг?“, изјави Мартина Ефидаки, една од учесничките на протестот во Атина.

Една друга учесничка, Пеги Целепи, пак, во врска со реконструкцијата на владата изјави:


„Каква реконструкција на владата? Со исти министри? Се сеќавам дека нашите дедовци го правеа тоа. Секогаш се истите луѓе. Јадењето е инакво, но тенџерето е исто.“

Притисокот врз владата на Папандреу порасна и внатре во неговата партија со што е доведено под прашалник и парламентарното мнозинство, односно одобрувањето на новиот пакет мерки за штедење.

„Ние се ноаѓаме во историски клучен момент и во критично време на одлуки и верувам дека од голема важност за земјата е постигнување национален консензус“, изјави Папандреу.

Во меѓувреме, министрите за финансии на еврозоната не успеаа да ги премостат нивните разлики околу вториот план за спасување на Грција што ќе биде разгледуван на самитот на Европската унија на 23 и 24 јуни.