Специјалец приведен за убиството на момчето

Протест поради убиството на 22-годишно момче во Скопје

Специјалец е приведен како осомничен за убиството на младиот скопјенец во неделата по изборната прослава.
Тој вечерта бил на службена должност. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Иво Котевски изјави дека откако го идентификувале убиеното момче, припадникот на едниницата за специјални задачи сам се пријавил кај старешината. Тој додава дека кај убиеното момче се констатирани телесни повреди и најверојатно станува збор за насилна
Во зависност од разговорот кој што се води во полиција и се разбира потоа пред истражен судија потоа, очекуваме да добиеме повеќе детали за мотивот и како настанала смртта. Можно е да се работи за убиство од небрежност, но не би сакал да прејудицирам.
смрт, иако според првичните информации не биле забележани видливи траги на насилство и случајот се третира како убиство за кое се уште не е познат мотивот.

„Во зависност од разговорот кој што се води во полиција и се разбира потоа пред истражен судија потоа, очекуваме да добиеме повеќе детали за мотивот и како настанала смртта. Можно е да се работи за убиство од небрежност, но не би сакал да прејудицирам.“

И денеска стотици граѓани излегоа да протестираат против полицскисата бруталност. Тие барат да се укине специјалната единица „Алфи“ и да престане како што велат „јаничарите“ да употребуваат прекумерна сила врз граѓаните.

„Не смееме да бидеме малтретирани, а молчиме. Секој од нас имал средба со некој непознати лица кои го легитимирале навечер, секој од нас добил шамар, клоца, а тоа проаѓа неказнето.“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Протести поради убиството на 22-годишно момче во Скопје



Дел од граѓаните потикнати од демнстрациите собраа храброст јавно да се пожалат на полициска бруталност. Насевски Раде се пожали дека пред три години неговиот тогаш 17 годишен син бил претепан од специјалната единица „Алфи“ и за тоа поднел тужба.
За било кого да се работи треба да има казна, независно дали се работи за „Алфи“ или било кој да е полицаец... луѓето имаат право, не само животните.

„Ги тужев ми одговорија дека полицаецот од „Алфите“ постапил во рамките на своето овластување. Детево во рок од месец дена го носевме на снимање на главата. Имам слики, имам документи, но никој не сака да реагира во оваа држава.“

Демир Исмаил, пак, вели дека и полицијата треба да ги почитува законите.

„За било кого да се работи треба да има казна, независно дали се работи
за „Алфи“ или било кој да е полицаец... луѓето имаат право, не само животните.“

Демонстрантите побара да се почитува пресумцијата на невиност, и побараа средба со државните органи.
Ние да се избориме за нашата слобода, тие го имаат монополот на физичка принуда врз нас, но нема да го дозволиме тоа.

„Мора да разработиме механизми за контрола врз нивното работење. Одговорноста е наша, ако институциите молчат, ако партиите молчат, одговорноста е наша. Ние да се избориме за нашата слобода, тие го имаат монополот на физичка принуда врз нас, но нема да го дозволиме тоа.“

Демонстрантите пред Собранието извикуваа „Сите во Собрание сте исти“.

Протестната поворка од споменикот на Мајка Тереза, се упати кон Mинистертвото за внатрешни работи. На демонстрантите им беше оневозможен пристапот кон министертвото, пред нив со оклопни возила беа поставени полицајци , пo што мирниот протестот беше прекинат.

Погледнете го вчерашното сведочење на очевидец. Полицијата во тоа време тврдеше дека на пронајденото тело немало видливи траги на насилство, по што синоќа следуваа протести во центарот на Скопје.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Очевидец на трагичниот настан во Скопје