Гласањето се спроведе во мирна атмосфера, но има одредени аспекти на кои треба да се обрне внимание - оценка на ОБСЕ/ОДИХР.
Предвремените парламентарни избори беа конкурентни, транспарентни и добро организирани, но има одредени аспекти кои бараат внимание... Ова е генералниот заклучок на меѓународните набљудувачи кои го следеа гласањето. Специјалниот координатор на набљудувачката мисија на
ОБСЕ, Роберто Батели вели дека гласачите можеле слободно да го изразат својот избор во мирна атмосфера и покрај некои неодговорни тврдења за нерегуларности од страна на политичките партии.
„Денот на изборите се процени како позитивен вклучувајќи го и гласањето без некои значителни разлики помеѓу областите каде што живеат Македонците и етничките Албанци. Гласањето се спроведе во мирна атмосфера.“
Шефот на долгорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР, Џулијан Пил вели дека ниту едни избори не треба да се гледаат црно на бело, туку сите се некоја нијанса на сива боја, како што биле и изборите во земјава. Според Пил импресивно е тоа што грѓаните излегле масовно да гласаат, а и надлежните институции добро ја завршиле својата работа.
„Всушност сметам дека граѓаните кои што гласаат, заедно во комбинација со работата на овие Комисии е она што доведе до мирни и организирани избори кои што се случија вчера.“
Шефот на делегацијата на Парламентарното собрание на Совето на Европа, Жан Шарл Гардето имаше забелешки за изборниот законик и гласачките листи.
„Мислиме дека изборното законодавство не треба да се менува два месеци пред изборите, особено кога опозицијата го одбива тоа од своја страна и одбива да учествува во изборите. Уште една работа се однесува на прецизноста на гласачите листи и се надеваме дека властите ќе
продолжат да ги подобруваат списоците.“
Според Батели за време на изборите било забележано дека владејчката партија прекршила една од заложбите на Копенхаген, а имало и притисоци врз државните службеници.
„Додека повеќето наводи за застрашување на гласачите немаа доволна основа, кампањите за излегување на гласање, особено оние од страна на владеачката партија често пати не адекватно ја оделуваа партијата од државните активности, кршејќи ги со тоа заложбите од Копенхаген. Набљудувачите исто така проценија дека има и одредени наводи за вршење притисоци врз државните службеници за да ја подржат владеачката партија.“
И оценката на граѓанската асоцијација Мост која ги набљудуваше изборите е дека тие поминале мирно и и со голема излезност на граѓаните, што придонело за подобрување на работата на избирачките одбори при спроведување на процедурата на гласање. Според извршниот директор Дарко Алексов избирачките одбори спречиле одредени нерегуларности да се претворат во масовна појава.
„Набљудувачите најчесто известуваат за неправилности од типот на семејно гласање, групно гласање, нарушување на тајноста на гласањето преку сликање на гласачките ливчиња со мобилни телефони, евидентирање на гласачите, пропусти при употребата на УВ ламбата и УВ спрејот. Информациите од набљудувачите на Граѓанската асоцијација МОСТ укажуваат и за поткуп на гласачите, како и агитирање врз гласачите.“
Алексов имаше забелешки за изборниот законик.
„Измените и дополнувањата на изборниот законик во 2011 година беа донесени поради дополнително хармонизирање на законодавството со меѓународните стандарди и препораки, но факт е дека овие стандарди не беа целосно имплементирани.“
Во меѓувреме ДИК ги објави првичните официјални резултати од сите 84 општински изборни комисии. Вкупно во шесте изборни единици гласале 1 156 085 граѓани, односно 63, 48 насто. Бројот на важечки гласачки ливчиња изнесува 1 094 999, а неважечки имало 31 983. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу пратеници, а потоа се СДСМ, ДУИ, ДПА и НДП, вели претседателот на комисијата Борис Кондарко.
„ВМРО-ДПМНЕ добила 53 пратеници, СДСМ 42 пратеници, ДУИ 15, ДПА 8 и НДП 2 пратеници.“
ВМРО-ДПМНЕ ги освои и трите пратенички места во дијаспората. Одѕивот на гласањето во трите изборни единици во дијаспората е 56,67 насто, односно гласале 4.088 македонски државјани со право на глас.
Денот на изборите се процени како позитивен вклучувајќи го и гласањето без некои значителни разлики помеѓу областите каде што живеат Македонците и етничките Албанци. Гласањето се спроведе во мирна атмосфера.
„Денот на изборите се процени како позитивен вклучувајќи го и гласањето без некои значителни разлики помеѓу областите каде што живеат Македонците и етничките Албанци. Гласањето се спроведе во мирна атмосфера.“
Шефот на долгорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР, Џулијан Пил вели дека ниту едни избори не треба да се гледаат црно на бело, туку сите се некоја нијанса на сива боја, како што биле и изборите во земјава. Според Пил импресивно е тоа што грѓаните излегле масовно да гласаат, а и надлежните институции добро ја завршиле својата работа.
„Всушност сметам дека граѓаните кои што гласаат, заедно во комбинација со работата на овие Комисии е она што доведе до мирни и организирани избори кои што се случија вчера.“
Шефот на делегацијата на Парламентарното собрание на Совето на Европа, Жан Шарл Гардето имаше забелешки за изборниот законик и гласачките листи.
„Мислиме дека изборното законодавство не треба да се менува два месеци пред изборите, особено кога опозицијата го одбива тоа од своја страна и одбива да учествува во изборите. Уште една работа се однесува на прецизноста на гласачите листи и се надеваме дека властите ќе
Кампањите за излегување на гласање, особено оние од страна на владеачката партија често пати не адекватно ја оделуваа партијата од државните активности, кршејќи ги со тоа заложбите од Копенхаген. Набљудувачите исто така проценија дека има и одредени наводи за вршење притисоци врз државните службеници за да ја подржат владејачката
партија.