Достапни линкови

Генерално мирни избори


Генералната оценка на невладините организации кои го набљудуваа гласањето е дека изборниот процес поминал во фер и демократска атмосфера.

Извршниот директор на граѓанската асоцијација Мост, Дарко Алексов вели дека според информациите добиени од набљудувачите и координаторите гласањето било мирно и со голема излезност на
Набљудувачите најчесто известуваат за неправилности од типот на семејно гласање, групно гласање, нарушување на тајноста на гласањето преку сликање на гласачките ливчиња со мобилни телефони, евидентирање на гласачите, пропусти при употребата на УВ ламбата и
УВ спрејот.
граѓаните, што придонело за подобрување на работата на избирачките одбори при спроведување на процедурата на гласање. За прв пат
избирачките одбори покажале совесност и интегритет и спречиле одредени нерегуларности да се претворат во масовна појава.

„Набљудувачите најчесто известуваат за неправилности од типот на семејно гласање, групно гласање, нарушување на тајноста на гласањето преку сликање на гласачките ливчиња со мобилни телефони, евидентирање на гласачите, пропусти при употребата на УВ ламбата и УВ спрејот. Информациите од набљудувачите на Граѓанската асоцијација МОСТ укажуваат и за поткуп на гласачите, како и агитирање врз гласачите.“

Дарко Алексов, извршен директор на МОСТ

Мост ја следеше и работата на ДИК која според Алексов била јавна и транспарентна.

„Во носењето на одлуките можеше да се забележи гласање по партиски линии, односно членовите предводени од власта и членовите од опозицијата најчесто имаа спротивставени ставови за клучните прашања, додека пак кога се работеше за тековен технички карактер можеше да се забележи поголема кооперативност и усогласеност.“
Граѓаните на Македонија беа позрели и од самите политичари. Наспроти многу негативните кампањи кои ги видовме во изминатите недели, граѓаните сепак одолеаа на тие искушенија

Првиот човек на невладината организација Цивил, Џабир Дерала вели дека изборите биле мирни и ненасилни, што придонело за позитивна атмосфера на самиот крај. Иако претходно имаше тензии, вулгарни кампањи и јазик на омраза, очигледно е дека граѓаните се изморени од таквата политика и одлучија својот глас да го дадат на еден цивилизиран начин за разлика од минатите изборни циклуси, вели тој.

„Граѓаните на Македонија беа позрели и од самите политичари. Наспроти многу негативните кампањи кои ги видовме во изминатите недели, граѓаните сепак одолеаа на тие искушенија што можеа да ги доведат изборите во експлозивна и тензична ситуација.“

Околу 60 граѓани пријавиле нерегуларности за време на изборниот ден до канцеларијата на Народниот правобранител. Најголем дел од поплаките се од граѓани кои не можеле да го најдат избирачкото место, но имало и пријави за притисоци и заплашувања.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG