Утре, повеќе од 1,8 милиони граѓани со право на глас ќе избираат нов состав на Собранието на Македонија. Денеска гласаат иселениците, болните, затворениците и раселените.
1 821 122 граѓани утре ќе имаат право да излезат да гласаат во некоја од шесте изборни единци и да го заокружат името кое сметаат дека ја заслужува нивната доверба и едно од местата во македонскиот парламент. За прв пат тоа право ќе го добијат и Македонците од дијаспората. Пријавени се 7258 лица кои ќе делегираат тројца пратеници, по еден од изборните единици 7, 8 и 9. Се на се македонскиот парламент по 5 јуни ќе брои 123 пратеници.
Пријавени беа 21 кандидатска листа за пратеници, од нив 20 се на политичките партии, а една на група избирачи. Најголем број листи има во изборните единици еден и шест. Должноста на граѓаните утре е само со пасош или лична карта од 7 до 19 часот да се појават на гласачкото место, а за процесот да помине како што треба задолжени се надлежните институции. Денеска, пак, посебно ќе гласат 2222 затвореници и 407 внатрешно раселени лица.
Субхи Јакупи од ДИК вели дека ги презеле сите потребни активности, како што се печатењето на гласачкиот материјал и достава на гласачките кутии и гласачките ливчиња во општинските изборни комисии, кои на денот на гласањето ќе им бидат предадени на избирачките одбори. Доделени се и акредитациите на домашните и странските набљудувачи.
„Имаме преку 400 набљудувачи од странство, што значи над 6000 набљудувачи ќе бидат во земјата акредитирани според законот.“
Но, за некој да биде набљудувач на изборите потребно е да исполнува некои услови, додава Јакупи.
Граѓанската асоцијација Мост ќе има распоредено најголем број на набљудувачи, околу 3700, со што ќе покрие 70 насто од вкупниот број на избирачки места во земјава, вели нејзиниот извршен директор Дарко Алексов.
„Во рамките на изборите ќе имаме статични набљудувачи кои ќе го следат гласањето од отворање на гласачкото место па се до затворањето, броењето на гласовите и пополнување на записниците. Дел од овие набљудувачи ќе ја следат работата на општинските изборни комисии посебно процедурата на предавање на изборниот материјал од страна на избирачките одбори до општинските комисии.“
А ќе има и такви кои ќе им помагаат на статичните набљудувачи, додава Алексов.
„Ќе имаме и дел од нашите набљудувачи кои во склоп на вкупно 84 мобилни тимови, логистички ќе ја набљудуваат работата на нашите статични набљудувачи, а во исто време ќе се обидат да покријат што поголем број на избирачки места што нема да бидат ,,покриени“ со статични набљудувачи.“
Од коалицијата на граѓански организации „Излези да гласаш“ изборниот процес ќе го набљудуваат 1000 лица. Најмногу ќе има во изборната единица три, и тоа 374, а најмалку наблудувачи, 49, ќе пратат во втората изборна единица. Наталија Еленска вели дека нивната цел е да им помогнат на граѓаните.
„Активностите на Коалицијата „Излези да гласаш“ се насочени кон едукација на граѓаните за нивните законски права во текот на изборниот процес и правата на глас и набљудување на изборниот процес. Изборот е целосно индивидуално право на секој граѓанин поединечно заштитен со бројни меѓународни и домашни акти.“
Со 300 краткорочни, 20 долгорочни набљудувачи и 12 меѓународни експерти и ОБСЕ/ОДИХР кои ќе ги следат гласачките места, односно, гласањето, броењето на гласовите и табелирањето на резултатите.
Составен дел од процесот се и избирачките одбори, кои имаат мандат од 2009 година. Тие биле избрани од јавната и државната администрација, вели Јакупи.
„Тоа се „три плус три лица“ или претседател, заменик и двајца членови и двајца заменици, додека со предлозите на политичките партии што се на власт и во опозицијата, тие имаа други предлози и општинските изборни комисии ги прифатиле за да ги именуваат тие предлозите на избирачките одбори од предлозите на политичките партии.“
ДИК вршеше и обуки на членовите на општинските изборни комисии, како да раководат со изборниот материјал и на кој начин да ги едуцираат избирачките одбори, кои директно на терен треба да ги спроведат изборите. МОСТ во изминатиов период даде оценка колку логистички се подготвени општинските изборни комисии.
„На самиот почеток во дел од нив имаше предизвици поврзани со технички недостатоци, меѓутоа останува да се надеваме дека овие недостатоци ќе бидат отстранети и дека комплетниот овој систем што е задолжен за технички и логистички спроведување на изборниот процес ќе функционира како што треба на изборниот ден.“
МВР, при распуштањето на Собранието и распишувањето на предвремени парламентарни избори формираше републички оперативен штаб кој ги спроведе неопходните подготовки за обезбедување на фер и демократски избори. Беше спроведена и обука на 7000 полициските службеници кои добија прирачници за тоа кои се нивните задачи и овластувања и како треба да постапуваат на изборите, вели портпаролот на министерството Иво Котевски.
„Совети кои се однесуваат токму на тоа: Што прави полицијата? Ние обезбедуваме на повеќе од 100 метри на гласачкото место, дека полицаец не смее да биде на местото каде што се гласа без да биде повикан од претставник на избирачкиот одбор на самото изборно место, што може да направи полицаецот, кои се кривичните дела кои може веднаш да ги процесуира на самото место доколку се случи, како треба да побара помош, од кого треба да побара помош, со кого треба да се консултира?“
Покрај полицијата и невладината организација Цивил ќе има речиси 50 набљудувачи. Првиот човек на организацијата Џабир Дерала вели дека нивната задача ќе биде да внимаваат на појавата на евентуално насилство или инциденти за време на гласањето.
„Во секој момент сме подготвени со мобилниот тим на „Цивил“ да бидеме на било која точка од земјата да се обидиме да ги смириме тензиите и да воведеме демократски дух во случаи кога тоа ќе биде потребно.“
Набљудувачите ќе бидат распоредени во 23 општини и град Скопје, кои се одбрани врз неколку критериуми, додава Дерала.
„Еден од тие е искуството од претходните избори, вториот критериум е антиципирање на одредени проблеми кои евентуално би можеле да се појават во овој изборен циклус, третиот критериум е колку сме моќни да го направиме тоа односно колку сме ние претходно присутни со други проектни активности кои имаат врска со оружјето, вооруженото насилство итн.“
Котевски вели дека министерството е целосно подготвено и е направен план на активностите за време и по гласањето, односно на пребројувањето на гласачките ливчиња и обезбедувањето на гласачкиот материјал.
„Целосно сме подготвени да го обезбедуваме јавниот ред и мир за време на гласањето и можеме само да порачаме дека сите оние кои што од какви било причини ќе се обидат да влијаат на гласањето да го попречат, да се закануваат или пак да предизвикаат каков било инцидент кој што би фрлил дамка на изборите, најостро ќе бидат санкционирани.“
Дерала додава дека вовеле и телефонска линија, каде граѓаните ќе можат да пријават било какви нерегуларности.
„Апелираме до граѓаните ако забележат некаква нерегуларност или притисоци кои што ги прават претставници на институциите веднаш да ни се јават, ние ќе се обидеме да помогнеме во надминување на тие нерегуларности и притисоци.“
Дијаспората ќе гласа во 36 дипломатско-конзуларни претставништва на земјава во странство. Во изборната единица 7 во Европа, пријавени се 4.653 гласачи. Во осмицата во Австралија и Канада 1.832, а во деветката 773 лица. Секој избирачки одбор ќе има по десет лица. Гласачкиот материјал ќе биде испратен по дипломатска пошта. По пребројувањето на гласовите, лицето одговорно за гласачкиот материјал ќе состави записник и ќе биде одговорен за враќањето на ливчињата во земјава. На претходните парламентарни избори кои се одржаа на 1 јуни 2008 година, во Собранието влегоа 17 политички партии, од кои 10 со само еден пратеник. Беа избрани по 20 пратеника од 6 изборни единици. Право на глас имаа 1.779.116 гласачи, а за пратеници беа пријавени 1.540 лица. На изборите учествуваа 41 партија. Од нив, 14 настапија самостојно, а 27 во коалициите.

Имаме преку 400 набљудувачи од странство, што значи над 6000 набљудувачи ќе бидат во земјата акредитирани според законот.

Во секој момент сме подготвени со мобилниот тим на „Цивил“ да бидеме на било која точка од земјата да се обидиме да ги смириме тензиите и да воведеме демократски дух во случаи кога тоа ќе биде потребно.
„Ќе имаме и дел од нашите набљудувачи кои во склоп на вкупно 84 мобилни тимови, логистички ќе ја набљудуваат работата на нашите статични набљудувачи, а во исто време ќе се обидат да покријат што поголем број на избирачки места што нема да бидат ,,покриени“ со статични набљудувачи.“
Од коалицијата на граѓански организации „Излези да гласаш“ изборниот процес ќе го набљудуваат 1000 лица. Најмногу ќе има во изборната единица три, и тоа 374, а најмалку наблудувачи, 49, ќе пратат во втората изборна единица. Наталија Еленска вели дека нивната цел е да им помогнат на граѓаните.
„Активностите на Коалицијата „Излези да гласаш“ се насочени кон едукација на граѓаните за нивните законски права во текот на изборниот процес и правата на глас и набљудување на изборниот процес. Изборот е целосно индивидуално право на секој граѓанин поединечно заштитен со бројни меѓународни и домашни акти.“
Со 300 краткорочни, 20 долгорочни набљудувачи и 12 меѓународни експерти и ОБСЕ/ОДИХР кои ќе ги следат гласачките места, односно, гласањето, броењето на гласовите и табелирањето на резултатите.
Составен дел од процесот се и избирачките одбори, кои имаат мандат од 2009 година. Тие биле избрани од јавната и државната администрација, вели Јакупи.
„Тоа се „три плус три лица“ или претседател, заменик и двајца членови и двајца заменици, додека со предлозите на политичките партии што се на власт и во опозицијата, тие имаа други предлози и општинските изборни комисии ги прифатиле за да ги именуваат тие предлозите на избирачките одбори од предлозите на политичките партии.“
ДИК вршеше и обуки на членовите на општинските изборни комисии, како да раководат со изборниот материјал и на кој начин да ги едуцираат избирачките одбори, кои директно на терен треба да ги спроведат изборите. МОСТ во изминатиов период даде оценка колку логистички се подготвени општинските изборни комисии.
На самиот почеток во дел од нив имаше предизвици поврзани со технички недостатоци, меѓутоа останува да се надеваме дека овие недостатоци ќе бидат отстранети и дека комплетниот овој систем што е задолжен за технички и логистички спроведување на изборниот процес ќе функционира како што треба на
изборниот ден.
„На самиот почеток во дел од нив имаше предизвици поврзани со технички недостатоци, меѓутоа останува да се надеваме дека овие недостатоци ќе бидат отстранети и дека комплетниот овој систем што е задолжен за технички и логистички спроведување на изборниот процес ќе функционира како што треба на изборниот ден.“
МВР, при распуштањето на Собранието и распишувањето на предвремени парламентарни избори формираше републички оперативен штаб кој ги спроведе неопходните подготовки за обезбедување на фер и демократски избори. Беше спроведена и обука на 7000 полициските службеници кои добија прирачници за тоа кои се нивните задачи и овластувања и како треба да постапуваат на изборите, вели портпаролот на министерството Иво Котевски.
„Совети кои се однесуваат токму на тоа: Што прави полицијата? Ние обезбедуваме на повеќе од 100 метри на гласачкото место, дека полицаец не смее да биде на местото каде што се гласа без да биде повикан од претставник на избирачкиот одбор на самото изборно место, што може да направи полицаецот, кои се кривичните дела кои може веднаш да ги процесуира на самото место доколку се случи, како треба да побара помош, од кого треба да побара помош, со кого треба да се консултира?“
Покрај полицијата и невладината организација Цивил ќе има речиси 50 набљудувачи. Првиот човек на организацијата Џабир Дерала вели дека нивната задача ќе биде да внимаваат на појавата на евентуално насилство или инциденти за време на гласањето.
„Во секој момент сме подготвени со мобилниот тим на „Цивил“ да бидеме на било која точка од земјата да се обидиме да ги смириме тензиите и да воведеме демократски дух во случаи кога тоа ќе биде потребно.“
Целосно сме подготвени да го обезбедуваме јавниот ред и мир за време на гласањето и можеме само да порачаме дека сите оние кои што од какви било причини ќе се обидат да влијаат на гласањето да го попречат, да се закануваат или пак да предизвикаат каков било инцидент кој што би фрлил дамка на изборите, најостро ќе бидат
санкционирани.