Достапни линкови

Пристигнуваат набљудувачите на изборите


Четириесет и седум набљудувачи од парламентарното Собрание на ОБСЕ денеска пристигнуваат во Македонија.

Повеќето од нив ќе бидат во Скопје, а еден дел ќе бидат распоредени надвор од главниот град. Нивните очекувања се да добијат појасна слика за демократскиот прогрес на земјава во последните неколку дена од изборната кампања, изјави Нил Сајмон, директорот за комуникации на парламентарното собрание на ОБСЕ.

„Очигледно е дека сите ние се надеваме на мирен ден на изборите, каде слободната волја на гласачите на крајот на денот, ќе одлучи што е најдобро за земјава. Нашите набљудувачи доаѓаат без предрасуди. Тие не се тука да судат за резултатите, туку да го набљудуваат целиот процес“, изјави Сајмон.

Ваква слична изјава деновиве даде и специјалниот претставник на Парламентарното собрание на ОБСЕ, кој ќе ги набљудува изборите,
Очигледно е дека сите ние се надеваме на мирен ден на изборите, каде слободната волја на гласачите на крајот на денот, ќе одлучи што е најдобро за земјава. Нашите набљудувачи доаѓаат без предрасуди. Тие не се тука да судат за резултатите, туку да го набљудуваат целиот процес.

Роберто Батели.

„Со нетрпение го очекувам остатокот од кампањата и ќе бидам среќен доколку по денот на гласањето, ќе можам да известам за мирни и фер избори“, изјави неодамна Батели.

Четириесет и седумте набљудувачи на парламентарното собрание на ОБСЕ во земјава ќе бидат придружувани од 300 краткорочни набљудувачи на мисијата на ОБСЕ и долгорочните набљудувачи на мисијата на ОДИХР кои се веќе тука.

Од Канцеларијата на Европската унија соопштуваат дека петнаесетина луѓе ќе бидат ангажирани на денот на изборите, и тоа во рамки на набљудувачката мисија на ОДИХР. Нивната задача ќе биде посета на одредени избирачки места, а евентуалните забелешки ќе ги пренесат на ОДИХР, која по изборите ќе излезе со свој извештај.



Во меѓувреме, во периодичниот извештај на мисијата на ОДИХР се вели дека острата реторика која била забележана пред официјалниот старт на кампањата, продолжила и за време на кампањата. Извештајот укажува дека само мал број политички партии користат билборди и плакати, поради како што се наведува недостигот на финасиски средства.

Меѓудругото во него се наведува дека најголем број од радиоифузерите, во голема мера, следат партиски политики.

Според ОДИХР, подготовките за изборите се навремени и покрај одредени доцнења кај Државната изборна комисија.

Во меѓувреме, медумите јавуваат дека вчера, на враќање од изборниот митинг на СДСМ, кај селото Росоман, било нападнато возилото во кое се наоѓала кандидатката за премиер на СДСМ, Радмила Шеќеринска. Црн автомобил со затемнети стакла, возел паралелно со автомобилот на Шеќеринска, и притоа непознато лице почнало да фрла шишиња од прозорецот.

„Јас не се уплашив и убедена сум дека граѓаните на Македонија на 5. јуни ќе покажат дека не се плашат од вакви луѓе“, изјави Шеќеринска.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG