Не се откриваат инвеститорите во Жабени

Ќе дочекаат ли битолчани, вработувања во капацитетите во Жабени?

И два месеца по најавите дека 13 бизнисмени купиле парцели за да градат фабрики во индустриската зона Жабени кај Битола, општината се уште не открива кои се инвеститорите.
Зоната претходно, а и сега во предизборието е една од најжешките теми на кои дискуитираат партиите во Битола. Валентин Груевски, каднидат за пратеник од ЛДП праша дали се продадоа дел од парцелите заради притисок на локалната власт врз одредени бизнисмени и уцени дека само на тој начин ќе легализира нивни дивоградби?
Дали инвеститорите ги купија парцелите поради економски интерес или во сето тоа има многу малку економија? Дали власта на сите купувачи ќе им даде некои други привилегии?

„Дали инвеститорите ги купија парцелите поради економски интерес или во сето тоа има многу малку економија? Дали власта на сите купувачи ќе им даде некои други привилегии зашто купија парцели во Жабени? Дали парцела во Жабени купила фирма која има проблеми со легализација на свој објект од 16 000 квадрати в о индустрискиот дел на Битола? Дали парцела во Жабени купила која има проблеми со легализација на објект во едно битолско село во близина на гланицата со Грција. Купила ли парцела во Жабени фирма која во последните години добила неколку маркици за изградба на станови во градот?“

Битолскиот градоначалник Владими Талески не ги открива инвеститорите

Градоначалникот Владимир Талески со одговор „ЛДП ги живее последните мигови од своето активно политичко учество имено заради начинот на кој постапуваат и во официјалната кампања. Тотално неаргументирано и демантирам се што кажаа.“

Тој објаснува дека се работи за сериозни инвестции, а не предизборен маркетинг.

„Има 13 инвеститори кои купија парцели и кои ги очекуваме да ги
Има 13 инвеститори кои купија парцели и кои ги очекуваме да ги поднесат своите проекти за да добијат одобрение за градба. Деновиве ќе бидете сведоци на голем гигант, странска инвестиција која ќе вработи во прва фаза 500 наши граѓани.
поднесат своите проекти за да добијат одобрение за градба. Деновиве ќе бидете сведоци на голем гигант, странска инвестиција која ќе вработи во прва фаза 500 наши граѓани.“

Дали се знае кои се, може да се спомнат нивните имиња?

Знаеме точно кои се луѓето се четири дена во нашиот град, но мислам дека е коректно на заеднички прес со нив тие да презентираат што виделе“, вели Талески.