Поранешните вработени во прилепската фабрика за расветни тела „Пролукс“ најавуваат штрајк со глад, бидејќи со години не можат да си ги наплатат побарувањатa.
Шеесет и тригодишниот прилепчанец, Драган Божиноски е поранешен работник на прилепската фабрика за расветни тела „Пролукс“. Откако пред неколку години со приватизацијата имотот на фирмата го купил велешкиот биснисмен Трајче Леов, за кусо време тој бил прогласен за технолошки вишок, но побарувањата по основ на неисплатени плати, придонеси и хранарини стојат и денес. Иако има судско и извршно решение за наплата на своите побарувања, како што тврди седум години не може да дојде до своите пари, додека со минималниот надоместок се бори да преживее.
„А овде работев 33 години, од 1970 до 2003 година. Технолошки сум. Земам 4000 денари. Зеде еднаш краци, продаде месинг во отпад ни даде по некој динар. Нема имот, ништо нема, а тој има потпишано дека се ќе плати, меѓутоа ништо не плаќа. Еве го седум години извршно решение со 5000 денари, такса платив. Нема што да му изврши. Тој во тоа време, формира некои други фирми“, вели Божиноски.
И неговата колешка Сузана Бузлеска, реагира затоа што во фирмата и останале 18.000 евра, плати и придонеси со камати, кои со години не може да ги наплати. Бидејќи како што тврди била избркана од работа, сега е принудена да аргатува по нивите, за да преживее.
„Јас имам побарување со три извршни тужби, имам побарување од околу 18.000 евра, никако не можам да ги наплатам. Се што е, дадено е под хипотека и од кај да му наплатат, што да му прават извршителите. Треба да си застанат властите, законите, органите што се надлежни за тоа, да видат кај го дал имотот, што го дал, што направил, каде е нашиот имот, каде е „Пролукс“?, се жали Бузлеска.
Иста е приказната и на дел други вработени кои
изгубиле верба во институциите на системот, зашто како што велат, во изминатиот период реагирале, тропале на многу врати да бараат помош, но без ефекти.
„Имаме кривични пријави однесено во Скопје до сите институции и до Владата. Значи никој не може ништо. Вработил лица, а нас сите не избрка од работа, фирмата се распродаде, ама се, ништо не остана и не можеме да си ги наплатиме нашите барања. Сите имаме судски решенија, со кои седиме овде, кои ги прифаќа неговиот адвокат да ги исплати во рок од 30 дена, ништо од тогаш“, тврди Лазо Секулов.
Доколку не им се исплатат побарувањата, овие поранешни работници на „Пролукс“, немоќни да ги решат проблемите, изманипулирани како што велат, а притиснати од сиромаштијата најавуваат штрајк со глад.
Другата страна на вистината од оваа стечајна драма, не успеавме да ја дознаеме затоа што, актуелниот директор на фабриката во Прилеп, „Леов компани“, Панде Лазов, кој според некои вработени е и координатор на сите фирми на бизнисменот Леов, најпрвин одлучи да не прими во фабриката. Но, подоцна под изговор дека мора да замине на службен пат, како што рекоа вработените, одби да даде информации, за тоа што се случува со имотот на поранешен „Пролукс“ и зошто вработените и со извршни решенија, не може да ги наплатат побарувањата.
Нема имот, ништо нема, а тој има потпишано дека се ќе плати, меѓутоа ништо не плаќа. Еве го седум години извршно решение со 5000 денари, такса платив. Нема што да му изврши. Тој во тоа време, формира некои други фирми.
„А овде работев 33 години, од 1970 до 2003 година. Технолошки сум. Земам 4000 денари. Зеде еднаш краци, продаде месинг во отпад ни даде по некој динар. Нема имот, ништо нема, а тој има потпишано дека се ќе плати, меѓутоа ништо не плаќа. Еве го седум години извршно решение со 5000 денари, такса платив. Нема што да му изврши. Тој во тоа време, формира некои други фирми“, вели Божиноски.
И неговата колешка Сузана Бузлеска, реагира затоа што во фирмата и останале 18.000 евра, плати и придонеси со камати, кои со години не може да ги наплати. Бидејќи како што тврди била избркана од работа, сега е принудена да аргатува по нивите, за да преживее.
„Јас имам побарување со три извршни тужби, имам побарување од околу 18.000 евра, никако не можам да ги наплатам. Се што е, дадено е под хипотека и од кај да му наплатат, што да му прават извршителите. Треба да си застанат властите, законите, органите што се надлежни за тоа, да видат кај го дал имотот, што го дал, што направил, каде е нашиот имот, каде е „Пролукс“?, се жали Бузлеска.
Иста е приказната и на дел други вработени кои
Јас имам побарување со три извршни тужби, имам побарување од околу 18 000 евра, никако не можам да ги наплатам. Се што е, дадено е под хипотека и од кај да му наплатат, што да му прават извршителите. Треба да си застанат властите, законите, органите што се надлежни за тоа, да видат кај го дал
имотот.