Битолската опозиција бара од градоначалникот Владимир Талески, кој е на листата за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, да се изјасни дали планира да биде пратеник или ќе ја задржи градоначалничката функција.
Ставањето на битолскиот градоначалник Владимир Талески на второ место на кандидатската листа за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица ја разбранува политичката јавност во Битола.
Опозицијата побара Талески да се изјасни дали планира да замине во Парламент или ќе остане да биде градски татко, како и тоа за време на изборите да не ги користи поволностите што ги пружа градоначалничката позиција.
„Апелирам уште денес градоначалникот да си назначи свој заменик од редовите на советниците кој ќе го води градот до денот на изборите. Да не ги користи службениот телефон, возилото и општинската сметка за време на кампањата бидејќи во тој случај тој ќе биде во повластена состојба“, изјави Горан Милевски, кандидат за пратеник од ЛДП во петтата изборна единица.
Талески не одговара конкретно дали по изборите ќе остане на досегашната функција или ќе стане пратеник.
„Со отпочнувањето на кампањата почнува официјалното претставување на програмите и кандидатите. Меѓутоа треба да го видиме исходот, штом го видиме исходот ќе можеме да одговориме на прашањето што понатаму“, одговара Талески.
Според него, не постои законска можност за замрзнување на градоначалничката позиција дури течат изборите, па така во следниот
период вели дека нема потреба да поставува заменик. Напоредно ќе ги обавува двете обврски и градоначалничката и онаа на кандидат за пратеник.
„Штом веќе врвот на партијата цени дека треба да бидам на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ, максимално ќе се потрудам за поддршка на програмата на партијата. До овој момент немаме никаква законска пречка, мислам дека работата ќе се одвива добро. Советот на општина Битола изгласа и декларација да нема злоупотреба на општинскиот имот, но тоа не значи дека функцијата на градоначалникот престанува. Јас ќе се потрудам максимално да се организираме и да нема никаква пречка во тековните активности на општината“, вели Талески.
Апелирам уште денес градоначалникот да си назначи свој заменик од редовите на советниците кој ќе го води градот до денот на изборите. Да не ги користи службениот телефон, возилото и општинската сметка за
време на кампањата.
„Апелирам уште денес градоначалникот да си назначи свој заменик од редовите на советниците кој ќе го води градот до денот на изборите. Да не ги користи службениот телефон, возилото и општинската сметка за време на кампањата бидејќи во тој случај тој ќе биде во повластена состојба“, изјави Горан Милевски, кандидат за пратеник од ЛДП во петтата изборна единица.
Талески не одговара конкретно дали по изборите ќе остане на досегашната функција или ќе стане пратеник.
„Со отпочнувањето на кампањата почнува официјалното претставување на програмите и кандидатите. Меѓутоа треба да го видиме исходот, штом го видиме исходот ќе можеме да одговориме на прашањето што понатаму“, одговара Талески.
Според него, не постои законска можност за замрзнување на градоначалничката позиција дури течат изборите, па така во следниот
Штом веќе врвот на партијата цени дека треба да бидам на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ, максимално ќе се потрудам за поддршка на програмата на
партијата.