Обама: Стратегиите за репресија веќе не успеваат

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател смета дека на сите барања за промени на Блискиот Исток било одговорено со насилство.
Американскиот претседател Барак Обама рече дека Осама бин Ладен не бил жртва, туку масовен убиец. Лидерот додаде дека интересите на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток не се штетни за интересите на народот.

Лидерот, во своето обраќање за состојбите на Блискиот Исток, рече дека арапските револуции во регионот, како и оние на северот на Африка, говорат за „копнеење за слобода“, кое се создавало со години и резултира со падот на тирани.

Настаните од изминативе шест месеци „покажуваат дека стратегиите за репресија веќе не успеваат“, рече претседателот, додавајќи дека
Настаните од изминативе шест месеци покажуваат дека стратегиите за репресија веќе не успеваат.
Соединетите Држави се против користењето насилство против жителите во регионот, изразувајќи подршка за универзалните човекови права. Обама рече дека барањата за промени на Блискиот Исток биле одговорени со насилство.

„Најекстремниот пример е Либија каде лидерот Моамер Гадафи почна војна против сопствениот народ“, рече Обама.

Тој, како негативен пример ја посочи и Сирија, тврдејќи дека тамошниот режим го избрал „патот на убиство“.

Првиот човек на САД го издвои иранскиот режим како пример на лицемерие, поради осудата на насилствата во други земји од една страна и репресијата врз сопствениот народ од друга страна.

„Ќе продолжиме со инсистирање на тоа дека Иранците ги заслужуваат своите фундаментални права“, изјави Обама.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Обама - говор „Арапска Пролет“



За Бахреин, Обама препорача дијалог меѓу власта и опозицијата и дополни дека тоа не би било возможно доколку претставници на опозицијата се во затвор.

Претседателот рече дека Соединетите Американски Држави не веруваат во наметнување на мир. Тој додаде дека мировните преговори на Блискиот Исток мора да се забележат во две земји, „со одредување на перманентни граници меѓу Палестинците и Израел, Јордан и Египет“.