Од новата власт, битолчани очекуваат решавање на економските проблеми, невработеноста, покачување на животниот стандард и владеење на правото.
Што битолчани очекуваат да се реши со изборите? На прво место, новата власт без разлика од кои партии и да е составена, да ја реши невработеноста, економската криза, да го покачи животниот стандард, да се намалат давачките, зашто во вакви услови се гушат малите приватни бизниси, да запрат партиските вработувања. Граѓаните се свесни дека во изборните програми речиси на сите политички партии
се предложени мерки за надминување на невработеноста, но велат дека и порано многу се ветувало, а малку се правело. Во градот има околу 19 илјади невработени или над 25 проценти од вкупното население. Со години не се отворила нова фабрика, со исклучок на неколку текстилни фирми со грчки капитал. Инвестиции има само во најава, а малите бизниси немаат економска моќ да обезбедат работа за повеќемина битолчани.
„Што да кажеме, нема пари народот.“
„Седат луѓето без работа, многу е слабо, дуќанџиите седат без работа. На стари години сум, пензијата е слаба, а јас плаќам данок.“
„Да се воспостави минимум владеење на правото.“
„Криза е нема многу работа. Тешко е, јас за дуќанот имам 9.000 денари
давачки за пензиско, персонален данок, струја, кирија, се кога ќе се собери, а треба едно по едно да ги вадиш. Гледам дека само бутици се отвораат, кафичи и се некои такви работи. Во овој дуќан за една година
двајца се сменија. Ќе вложат во роба, ќе отворат за два-три месеци ќе затворат. Киријата е голема, давачките се големи, а тие немаат пари за киријата да ја платат.“
„Да запрат партиските вработувања, да има работа за сите не само за партиските послушници.“
„До сега на сите избори гласав, а нема работа.“
„Повеќе вработување за младите и за оние со факултет и за оние без високо образование и да се среди економската ситуација. Јас сум со завршен Педагошки факултет, а изгледи за работа нема.“
Битола е на четврто место во државата по број на невработени лица, но таа е прва од градовите во внатрешноста по број на невработени факултетлии. Дури 14 отсто од вкупниот број невработени битолчани отпаѓаат на високоедуциран кадар или над 1.700 граѓани. Од бизнисите во градот претежно се отвораат колонијал маркети, козметички салони, парфимерии и друго. Од лани до сега само во чаршијата поради слаб промет затвориле околу сто дуќани.
Седат луѓето без работа, многу е слабо, дуќанџиите седат без работа. На стари години сум, пензијата е слаба, а јас плаќам данок.
„Што да кажеме, нема пари народот.“
„Седат луѓето без работа, многу е слабо, дуќанџиите седат без работа. На стари години сум, пензијата е слаба, а јас плаќам данок.“
„Да се воспостави минимум владеење на правото.“
„Криза е нема многу работа. Тешко е, јас за дуќанот имам 9.000 денари
Да се воспостави минимум владеење на правото.
двајца се сменија. Ќе вложат во роба, ќе отворат за два-три месеци ќе затворат. Киријата е голема, давачките се големи, а тие немаат пари за киријата да ја платат.“
„Да запрат партиските вработувања, да има работа за сите не само за партиските послушници.“
Ќе отворат и за два-три месеци ќе затворат. Ќиријата е голема, давачките се големи, а тие немаат пари за киријата да ја платат.