(Не)Плански сечи во националните паркови?

Експертите предупредуваат на можните штети од сечите кои се изведуваат во националните паркови во државата, додека од парковите велат дека акциите се изведуваат плански.
Националните паркови во земјава веќе да не опстојуваат од самофинансирање, туку комплетно да преминат под капата на државата, со цел да се намалат сечите во одредени шумски зони како начин за
Како шумарски инжинер сум добро информиран и знам дека самофинансирањето на националните паркови не е во ред, треба да се прекинe таа практика, треба да се вршат само санитарни сечи, да се отстрануваат само оние стебла кои се стари и суви, а не да се сечи по некои програми.
оставрување приходи на претпријатијата. Ова на неодамнешната средба со претставници од националните паркови го предложи Михаил Волкановски, по професија шумарски инженер, а сегашен градоначалник на Ресен, на чија територија се протегаат делови од два национални паркови Пелистер и Галичица.

„Како шумарски инжинер сум добро информиран и знам дека самофинансирањето на националните паркови не е во ред, треба да се прекинe таа практика, треба да се вршат само санитарни сечи, да се отстрануваат само оние стебла кои се стари и суви, а не да се сечи по некои програми. Да се спречи сечењето заради оставување на финансиски средства за националните паркови и вработените. Исклучиво парите треба да ги обезбедува државата“, вели Волкановски.

Додека тој смета дека треба да се намалат сечите, од националните паркови велат дека тие се плански и немаат големо влијание врз природата.

„И сега државата еден дел од нашите буџети финансира, но остатокот е на самофинансирање и во секој случај ние нашето финансирање сега го оставаруваме најмногу од манипулирање со шумските екосистеми. Но, можам да речам дека е минорно влијанието од нашата работа врз
Минорно е влијанието од нашата работа врз
природното богатство.
природното богатство“, вели Сашо Мицевски, директор на националниот парк „Пелистер“.

Тој обајснува дека со новите измени на Законот за заштита на природа се внесуваат нови механизми за оставрување на приходи кои нема да бидат на штета на природата.

„И тоа преку финансирање од општините, со продажаба на влезници, логоата и да се искористат во брендирање на прозиводи, собирачи или откупувачи на шумски производи да плаќаат некаков надомест и друго“, вели Мицевски.