Во крајно руинираните напуштени куќи, често може да се пронајде заостаната воена муниција и експлозивни направи уште од Втората светска војна.
Заостанaтите експлозивни направи во општина Дебар и натаму претставуваат голема опасност за населението, особено за младите бидејќи во крајно руинираните напуштени куќи, често може да се пронајде заостаната воена муниција и експлозивни направи уште од Втората светска војна. На ова предупредува здружението на цивилните инвалиди од војната во Дебар кое деновиве ја одбележува 25-годишнината од основањето. Во Дебар здружението за жал има нови членови кои се жртви од експлозивните направи од војната.
„За жал и во ова време постојат опасности од ранувања од останати муниции со што се постанува и член на здружението на цивилните инвалиди од војната. Ова го потврдува и фактот што пред извесно време имавме најнов случај, кога младо дете настрада од заостанат воен материјал, бомба од италијанско потекло и сега тоа е цивилен инвалид од прва група“, истакнува претседателот на здружението на цивилните инвалиди од војната во Дебар, Осман Машкули.
Тој подвлекува дека во последно време, во повеќе урнати стари куќи кои се напуштени од сопствениците, пронајдени се разни муниции и други екслозивни направи, кои најчесто се откриваат од децата при нивната детска игра. Заради оваа состојба, здружението во Дебар покренува барање до надлежниете институции за преземање превентивни активности за чистење на овој заостанат воен материјал.
„Поради наведените опасности сметаме дека има потреба од превентивно делување. Наша оценка е дека недостига соработката со надлежните институции во рамките на општината. Со тоа не сакам да ги окривувам органите и институциите туку и самото здружение“, вели Машкули.
На прашањето која е наредната активност на здружението, претседателот на цивилните инвалиди од војната вели:
„Сега, по повод 25-годишнината од основањето на здружението ќе се побара од надлежните да преземаат превентивни мерки за заштита на младите од заостатаниот воен материјал.“
Покрај во градот Дебар, експолозивни направи се пронајдени и во некои стари селски куќи во дебарско.
За жал и во ова време постојат опасности од ранувања од останати муниции со што се постанува и член на здружението на цивилните инвалиди од војната. Ова го потврдува и фактот што пред извесно време имавме најнов случај, кога младо дете настрада од заостанат воен материјал, бомба од италијанско потекло.