Владата најавува поостра политика кон лажните азиланти од земјава поради кои е можна суспензија на безвизниот режим со ЕУ.
Со поголеми казни и кон лажните азиланти, но и кон туристичките агенции што им ветуваат на македонските граѓани дека во некоја од западноевропските држави може да добијат азил, македонската влада ќе се труди да не ја загуби визната либерализација.
По состанокот на комитетот за следење на визната либерализација во владата, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Васко Наумовски изјави дека владата сака да воведе и да ја заостри казнената политика во врска со лажните азиланти.
„При анализата што ја направивме заклучивме Министерството за правда да направи една подготовка на Измена на Кривичниот законик во насока на евентуално предвидување на ново кривично дело поврзано со организирање на нелегална миграција. Тоа евентуално кривично дело би ги опфатило и оние кои ја организираат оваа нелегална миграција и сограѓани од Република Македонија, но и оние кои минуваат низ Република Македонија како транзит држава.“
Наумовски рече дека е договорено да се организира засилена кампања кај Ромите, да се информираат дека е невозможно да добијат азил.
Со ова владата сака да го намали бројот на баратели на азил од Македонија во земјите од ЕУ, вели Наумовски.
„Не верувам дека може да се дојде до губење на визната либерализација, затоа што како држава се она што го направивме пред се во областите кои ги покрива МВР при процесот на добивање визна либерализација беше направено со многу напори, преку исполнување конкретни критериуми.“
Република Македонија ќе ги употреби сите маханизми, ресурси и средства за санкционирање на сите они кои ја злоупотребуваат визната либерализација, вели министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
„Се со цел да не се соочиме со една непријатна ситуација каде што би имало негативни последици кон сите граѓани на Македонија заради неодговорното однесување на мал дел од нив.“
Досега на неколку пати од европските земји биле вратени македонски државјани баратели на азил, тие државата не ја чинат пари, но ја чинат углед, вели Јанкуловска.
„Државата враќањето на азилантите не ја чини пари туку углед, затоа што државите од кои доаѓаат азилантите ги покриваат материјалните трошоци, но угледот на Република Македонија е многу поважен од било кои материјални средства.“
Визната либерализација која Македонија ја доби во декември 2009-та е ставена под знак прашалник. Европската комисија подготвила предлози за вовоедување на санкции , а не се исклучува и суспензијата на визната либерализација. Овој предлог првин ќе се најде пред Европската комисијаа на 24 мај, а потоа за тоа ќе решава Советот на министри на 12 јуни.
Министерството за правда да направи една подготовка на Измена на Кривичниот законик во насока на евентуално предвидување на ново кривично дело поврзано со организирање на нелегална миграција. Тоа евентуално кривично дело би ги опфатило и оние кои ја организираат оваа
нелегална миграција.
По состанокот на комитетот за следење на визната либерализација во владата, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Васко Наумовски изјави дека владата сака да воведе и да ја заостри казнената политика во врска со лажните азиланти.
„При анализата што ја направивме заклучивме Министерството за правда да направи една подготовка на Измена на Кривичниот законик во насока на евентуално предвидување на ново кривично дело поврзано со организирање на нелегална миграција. Тоа евентуално кривично дело би ги опфатило и оние кои ја организираат оваа нелегална миграција и сограѓани од Република Македонија, но и оние кои минуваат низ Република Македонија како транзит држава.“
Наумовски рече дека е договорено да се организира засилена кампања кај Ромите, да се информираат дека е невозможно да добијат азил.
Со ова владата сака да го намали бројот на баратели на азил од Македонија во земјите од ЕУ, вели Наумовски.
„Не верувам дека може да се дојде до губење на визната либерализација, затоа што како држава се она што го направивме пред се во областите кои ги покрива МВР при процесот на добивање визна либерализација беше направено со многу напори, преку исполнување конкретни критериуми.“
Република Македонија ќе ги употреби сите маханизми, ресурси и средства за санкционирање на сите они кои ја злоупотребуваат визната либерализација, вели министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
Државата, враќањето на азилантите не ја чини пари туку углед, затоа што државите од кои доаѓаат азилантите ги покриваат материјалните трошоци, но угледот на Република Македонија е многу поважен од било кои материјални
средства.