Локалната власт во функција на кампањата?

Градоначалниците од власта и опозицијата се согласни – општините не се вклучуваат во изборната кампања. Познавачите велат, во пракса се е оставено на моралот на одговорните.
Активното вклучување на првите луѓе на општините во изборната кампања, го наметнува прашањето за можните злоупотреби од страна на локалната самоправа во изборната кампања на централната власт. Дел од
Какви глупости се тоа? Вклучување на ресурси на општината во кампања!? Тоа ви кажувам
дека нема.
градоначалниците кои се на кандидатските листи, негираат дека на каков било начин општината е вклучена во кампањата. Тврдат оти нивниот партиски ангажман бил исклучиво личен.

„Какви глупости се тоа? Вклучување на ресурси на општината во кампања!? Тоа ви кажувам дека нема. Значи, се реализира програма годишна донесена на Советот“, изјави Марјан Ристески, актуелен градоначалник на Прилеп и кандидат за пратеник од владејачката ВМРО-ДПМНЕ во четвртата изборна единица.

Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, кој е и шеф на изборната единица два од опозицискиот СДСМ, вели дека општината има право да обезбеди простор и технички услови за работа само на општинската изборна комисија. Се друго што вклучува користење на опшинската каса за потребите на кампањата се смета за злоупотреба, појаснува Дамјановски. На пример ако партијата прави митинг на градскиот плоштрад, просторот треба да го изнајми и соодветно да си плати за услугата. Исто е и со поставувањето на партиските билборди, вели Дамјановски
За издавање на канделабри за поставување рекламни паноа исто така не е дозволено. Тоа е злоупотреба на
буџетот на општината.
.

„За издавање на канделабри за поставување рекламни паноа исто така не е дозволено. Тоа е злоупотреба на буџетот на општината. Општината не смее да се вклучи во оваа работа бидејќи го изигрува законот.“

Но дали постои орган што ги следи ваквите активности и како се казнуваат можните злоупотреби? Упатените појаснуваат дека финансиското работење на општините го контролира Државниот завод за ревизија кој доколку утврди некаква неправилност, покренува постапка пред јавното обвинистелство.

„Тоа кај нас не функционира како што треба. До сега беа констатирани безброј неправилности во работата на општините на градоначалниците, па не се покренати никакви постапки, за многу покрупни дела, а камо ли за вакви ситни прекршоци“, вели поранешниот градоначалник на Велес, Аце Коцевски.
Значи, се останува на образот, на моралните, етичките вредности на градоначалниците и членовите
на
Советот.


„Значи, се останува на образот, на моралните, етичките вредности на градоначалниците и членовите на Советот дали нешто ќе прават или не во функција на изборните кампањи.“

Досегашното искуство покажува дека во периодот пред изборите забележителна е и тесната соработка на централната со локалната власт. Така на пример, деновиве се почесто се забележува присуството на владините министри и премиерот на отворањето на општински згради и други објекти во единиците на локалната самоуправа.