Со премиерата на Моцартовата „Дон Џовани“ во режија на Љев Пуљиезе и под диригентство на Оливер Балабурски, ќе бидат отворени 39-те Мајски оперски вечери.
Годинешните, 39-ти по ред, Мајски оперски вечери ќе започнат со премиерата на Моцартовата Дон Џовани. За обновата, која на сцената на МОБ доаѓа по пауза од цела една деценија, овојпат се погрижија режисерот Лев Пуљиезе од Италија и диригентот Оливер Балабурски.
„Последните пет години повторно сум тука. Ова е сосема поинакво преставување и концептот е различен и нормално екипата е сосема поинаква и многу подобра од екипата што ја имавме пред девет години“, истакнува маестро Балабурски, кој подолго време живее и работи во Канада и во случајов се јавува како гостин на својата некогашна матична куќа.
Од своја страна, пак, режисерот Пуљиезе за сопственото читање на класичното оперско дело на големиот Волфганг Амадеус Моцарт забележува:
„Не се работи само за италијанска опера, туку тоа е нешто универзално, дел од нашата колективна свест.“
Насловната улога во оваа оперска претстава ја толкува Валдис Јансонс од Латвија, за ликот на Комендаторе е задолжен Хидеказу Цумаја од Јапонија, Дона Ана е Благица Поп Томова, Дона Елвира – Марчела Орсати Таламанка, а Дон Отавио - тенорот Благој Нацовски, кому ова му е петти пат да го пее овој лик во различни светски оперски продукции и кој многупати досега бил на иста сцена со своите колеги од оваа поставка.
„Од карактерна гледна точка мојот лик и не е толку атрактивен односно е еден вид на маж којшто и не постои во реалноста, меѓутоа од музичка гледна точка можеби Моцарт во оваа претстава ги напишал едни од најубавите арии за тој лик.“
Кон ова само уште информацијата дека за сценографијата се погрижи Марија Ветеровска, костимографка е Марија Пупучевска, кореографка Олга Панго, а целокупниот приход одпремиерната изведба на оваа опера ќе им биде дониран на жртвите од земјотресот и цунамито во Јапонија.
Инаку, на 39-те Мајски оперски вечери ќе бидат изведени уште четири оперски претстави, а ќе се случи и премиерата на балетот Заспаната убавица од Чајковски. Во нив како солисти ќе настапат повеќе од 10-тина врвни оперски имиња како бугарската мецосопранистка Маријана Пенчева која пее во миланската Скала, рускиот тенор Владимир Галузин, Бадри Маисураѕе од московскиот Бољшој театар и други, а МОВ традиционално ќе завршат на 31 мај со Вердиевата Аида во која ќе учествува интернационална екипа. Претставата ќе биде посветена на 150 годишнината од обединувањето на Италија.
„Последните пет години повторно сум тука. Ова е сосема поинакво преставување и концептот е различен и нормално екипата е сосема поинаква и многу подобра од екипата што ја имавме пред девет години“, истакнува маестро Балабурски, кој подолго време живее и работи во Канада и во случајов се јавува како гостин на својата некогашна матична куќа.
Од своја страна, пак, режисерот Пуљиезе за сопственото читање на класичното оперско дело на големиот Волфганг Амадеус Моцарт забележува:
„Не се работи само за италијанска опера, туку тоа е нешто универзално, дел од нашата колективна свест.“
Насловната улога во оваа оперска претстава ја толкува Валдис Јансонс од Латвија, за ликот на Комендаторе е задолжен Хидеказу Цумаја од Јапонија, Дона Ана е Благица Поп Томова, Дона Елвира – Марчела Орсати Таламанка, а Дон Отавио - тенорот Благој Нацовски, кому ова му е петти пат да го пее овој лик во различни светски оперски продукции и кој многупати досега бил на иста сцена со своите колеги од оваа поставка.
„Од карактерна гледна точка мојот лик и не е толку атрактивен односно е еден вид на маж којшто и не постои во реалноста, меѓутоа од музичка гледна точка можеби Моцарт во оваа претстава ги напишал едни од најубавите арии за тој лик.“
Кон ова само уште информацијата дека за сценографијата се погрижи Марија Ветеровска, костимографка е Марија Пупучевска, кореографка Олга Панго, а целокупниот приход од
Kонцептот е различен и нормално екипата е сосема поинаква и многу подобра од екипата што ја имавме пред девет години.