Предизвиците на современото новинарство - тема на регионалната конференција во организација на Американската амбасада во Македонија.
Регионалната дводневна конференција на тема „Предизвиците на современото новинарство во правец на дигиталната ера“ беше отворена денеска во организација на Американската амбасада во земјава. Нејзиниот домаќин, амбасадорот Филип Рикер, вели дека учесниците ќе имаат можност да стекнат нови знаење и притоа ќе разменат искуства и идеи на тоа поле. На конференцијата ќе се дискутира за растечката улога на интернетот, блогот, етиката, маркетингот, како и социјалните мрежи, за кои во моментов се зборува како низ САД, така и низ светот.
„Важната критичка улога на новинарите не се промени, но се променија условите во кои тие работат. Како тогаш да се најде баланс меѓу независноста, интегритетот, непристрасни критички анализи со потребата да се инволвира јавноста во многу брзиот пренос на информациите во општеството“, вели Рикер.
Еден од гостите на конференцијата Ерик Браун вели дека секој глас е важен, бидејќи новинарството денес се наоѓа во еден многу динамичен свет.
„Тоа е свет во кој само еден глас може преку интернет да биде пренесен до секој агол, секоја земја, десктор или ајфон низ целава планета.“
Рикер вели дека околу 2 милијарди луѓе имаат пристап до интеренет, а во Македонија има 800 илјади луѓе со профили на Фејсбук, а и Твитер полеказема замав. Според него граѓаните на земјава со тоа покажуваат колку моќни можат да бидат социјалните мрежи.
„Факт е дека припадниците на медиумите не се заедница сама за себе, туку тие претставуваат важен мост меѓу јавноста и лидерите на општеството на кое тие му служат.“
На конференцијата учествуваат експерти од САД, македонски новинари, како и нивни колеги од соседните земји.
Според Рикер, тие во следните два дена ќе бараат начин како да се искористат новите медиуми за бенефитот на нивната земја, на граѓаните и пошироко.
Важната критичка улога на новинарите не се промени, но се променија условите во кои тие
работат.
„Важната критичка улога на новинарите не се промени, но се променија условите во кои тие работат. Како тогаш да се најде баланс меѓу независноста, интегритетот, непристрасни критички анализи со потребата да се инволвира јавноста во многу брзиот пренос на информациите во општеството“, вели Рикер.
Еден од гостите на конференцијата Ерик Браун вели дека секој глас е важен, бидејќи новинарството денес се наоѓа во еден многу динамичен свет.
„Тоа е свет во кој само еден глас може преку интернет да биде пренесен до секој агол, секоја земја, десктор или ајфон низ целава планета.“
Рикер вели дека околу 2 милијарди луѓе имаат пристап до интеренет, а во Македонија има 800 илјади луѓе со профили на Фејсбук, а и Твитер полека
Припадниците на медиумите не се заедница сама за себе. Тие претставуваат важен мост меѓу јавноста и лидерите на општеството.