Под овој наслов Фајненшал тајмс објавува текст во врска со најавеното зајакнување на пасошката контрола за влез во земјите на Европската унија. Притоа се додава дека ова е дел од мерките за запирање на можниот бран бегалци од Северна Африка и оти привремената обнова на пасошките контроли најмногу ќе ја погоди Грција.
Европската Комисија денеска предложи повторно воспоставување национални гранични контроли во одредени случаи и покрај тоа што развојот на „Континет без граници“ се смета за големо остваруваање на Европската Унија. Овој предлог на Комисијата е резултат на инсистирањето на Франција и Италија кои бараа враќање на Шенген зоната поради бранот бегалци од Северна Африка. За предлогот на Комисијата ќе се расправа на состанокот на министрите за надворешни работи на 12 Мај, како и самитот на Унијата на 24 Јуни.
Европската комисија предлага механизам за привремено враќање на контролата на границите во рамките на Европската унија за изолирање на земјите каде што има зголемен број илегални мигранти. Ова го пишува Фајненшал тајмс, наведувајќи дека потегот, што има цел да ја намали загриженоста дека земјите-членки кои имаат порозни граници со земјите кои не се членки на Европската унија, го поткопува Шенгенскиот договор од 1995 година со кој беа укинати пасошките проверки во поголемиот дел од Унијата.
Предлогот на Брисел, како што додава весникот, всушност претставува своевидно ехо на повиците на претседателот на Франција, Никола Саркози, и премиерот на Италија, Силвио Берлускони, кои минатата недела побараа да не важи безвизното патување во исклучителни околности.
Двајцата лидери ова го изјавија откако над 25 илјади Тунижани пристигнаа во Италија по нередите во северниот дел на Африка, а кои сакаат да заминат за Франција. Официјален Париз тврди дека тие немаат право да се движат во рамките на Унијата. Сепак, Европската Комисија, како што се наведува, посочува дека враќањето на гранична контрола треба да биде последна можна мерка и тоа за многу кратко време и во вистински критични ситуации.
Под овој термин се подразбира дека некоја земја очигледно не успева да ги контролира внатрешните миграции во Шенген зоната.
Предлогот доаѓа во време на подемот на антиимигрантските популистички партии во Европа, вклучително и во Франција, каде што екстремно десничарскиот Национален фронт бележи пораст на анкетите за јавното мислење и во Холандија, каде што сојузник во малцинската влада е антиисламистичката партија на Герт Вилдерс.
Некои популисти, исто така, се противат на правилата на Европската унија за слободно движење на работниците во рамките на блокот, кои достигнаа врв во неделата кога беше укината седумгодишната транзиција во рестрикциите за работниците од новите членки на Европската унија.
Пакетот на Комисијата вклучува и зацврстување на Фронтекс, односно граничната агенција на Унијата, како и поголема соработка со земјите кои се користат како миграциски рути кон Европа.
Привремената обнова на пасошките контроли најверојатно најмногу ќе ја погоди Грција, чија надворешна граница со Турција стана најпопуларниот премин за илегалните мигранти во Шенген зоната во последниве две години. Тоа впрочем го предизвика Брисел да воведе делумни гранични патроли на турско, грчката граница, пишува Фајненшал Тајмс.