Македонија делумно слободна земја

Македонија го дели 96 место на листата на Фридом Хаус за слободата на печатот во 2011.
Според извештајот на Фридом хаус за слобода на печатот во 2011, Македонија е делумно слободна земја. Го дели 96 место со Коморските Острови, Босна и Херцеговина, Лесото и со Танзанија.

Европски држави што се полошо рангирани од Македонија се Албанија на 102, Косово на 104, Турција, Молдавија, Украина и Русија, кои се наоѓаат од 112 до 173 место. Освен Русија што е неслободна, сите набројани спаѓаат во групата делумно слободни земји. Од земјите од регионот, најдобро е рангирана Словенија на 48 место и Грција на 65 место. Двете земји се рангирани како слободни. Останатите балкански земји се делумно слободни - Србија е на 72 место, Бугарија на 77, Црна Гора на 80 и Хрватска на 85 место.
Едната е колку и да е болно, тоа се самите медиуми, самите односи меѓу уредниците и сопствениците, самите односи меѓу новинарите и нивната професионалност. И вториот извор е политичката елита.


Македонија во последните години се движи околу 100-то место на листата, минатата година беше на 94 место. Тоа што нема некои битни поместувања се должи на две причини, вели комуникологот Климе Бабунски.

„Едната е колку и да е болно, тоа се самите медиуми, самите односи меѓу уредниците и сопствениците, самите односи меѓу новинарите и нивната професионалност. И вториот извор е политичката елита општо кажано, а нешто поконкретно, тоа секако во прв ред е власта.“

И микрофонот има два краја - Вината е во политичките елити, но и кај новинарите

Бабунски вели дека е алармантно тоа што земјава е во иста група со земји како што е на пример Турција.

„Турција со право беше прогласена за најголемиот затвор на новинарите. Во моментов над 50 новинари или уредници се во затвор.“
За жал многу бавно се случуваат кај нас тие промени, како резултат на тоа што политиката е потполно навлезена не само во делот на водењето на медиумскиот бизнис, туку и многу длабоко меѓу дел од самите новинари. За жал како резултат на тоа денес е тешко да се убедиме и новинарската фела заеднички да застане и јасно и гласно да се спротистави на сите овие притисоци.


Денешниот меѓународен ден на слободата на медиумите е добар повод да се направи пресек на постигнувањата на медиумите, вели директорката на Македонскиот институт за медиуми Билјана Петковска. Во Македонија денешниот ден ќе биде искористен да се укаже на суптилните влијанија од различните центри на моќ, особено од политичките партии врз медиумите, и како да им се стави крај на тие притисоци, вели Петковска.

„За жал, многу бавно се случуваат кај нас тие промени, како резултат на тоа што политиката е потполно навлезена, не само во делот на водењето на медиумскиот бизнис, туку и многу длабоко меѓу дел од самите новинари. За жал, како резултат на тоа, денес е тешко да се убедиме и новинарската фела заеднички да застане и јасно и гласно да се спротистави на сите овие притисоци.“

Во групата на слободни земји, со повисок рејтонг од Македонија, меѓу другите се и Палау, Св. Луција, Маршалски Острови, Св. Винсент и Гренадини, Коста Рика, Јамајка, Мали, Тринидад и Тобаго, Папуа Нова Гвинеја и уште многу други. Најниска слобода на печатот има во Северна Кореја. По неа следуваат Туркменистан, Узбекистан, Либија, Еритреја, Бурма, Белорусија, Куба и Иран.