Бројни пречки спречуваат инвестиции

Печалбарот Димче Ковилоски иако сака засега е спречен во намерите да инвестира во своето родно село Вранче

Бројни административни пречки се испречуваат пред силната желба на печалбарот Димче Ковилоски кој четири децении живеел во Германија, да инвестира во својот роден крај.
Печалбарот Димче Ковилоски по 4 децении поминати во туѓина се вратил во родното Вранче, со намера да инвестира во родниот крај. Неговите планови се да отвори производствен капацитет и фарма со ретки птици кои ќе ги увезува од егзотичните краеви. Но, уште при првиот чекор за остварување на својата цел вели дека наишол на многу кочници во системот. Зашто се уште не добил македонско државјанство, не може да ги пренесе парите од
Најголем проблем ми е мене, сакам од десет свои куќи во Германија што ги имам, една ја продадов таму, и не можам парите да си ги донесам во сопствената земја. Бев во повеќе банки. Ми рекоа дека немам шанса
никаква.
Германија во банките во Македонија.

„Најголем проблем ми е мене, сакам од десет свои куќи во Германија што ги имам, една ја продадов таму, и не можам парите да си ги донесам во сопствената земја. Бев во повеќе банки. Ми рекоа дека немам шанса никаква, ми рекоа дека можам само само 8.000 евра да внесам. Не знам ни како да им пренесам на нашите сограѓани во дијаспората.“

Ковилоски е видно разочаран од условите и можностите за стопанисување што ги нуди државата. Тој сега размислува и за друга опција, своите бизнис планови да ги реализира во соседните балкански земји.

„Значи сега фактички јас морам својот труд да го носам надвор од Македонија во соседните земји. Ова несфатливо ми е зашто? Пензиите ми
Значи сега фактични јас морам својот труд да го носам надвор од Македонија во соседните земји. Ова несфатливо ми е зашто? Пензиите ми биле странски
биле странски.“

И при обидот да регистрира конфекциска фирма и да почне што побргу со работа, вели дека се соочил со бројни проблеми на секој чекор.

„Што го слушаме ние таму за едношалтерски систем, јас еве сум три месеца не можам да ги средам документите, за мене е ова стошалтерски систем. Ако одиме кон Западот, треба да имаме ние овде западни закони. Од катастар ме праќаат до Општината, од Општината ме праќаат во судот, од судот повторно назад, по три четири работи за една иста работа и не знам каде да се обратам.“

Ковиловски имал намера да отвори фарма и конфекциска фирма

Ковилоски се изненадил и кога се обидел да донира влезна врата во црквата која што треба да се гради во населбата Точила во Прилеп.

„Во Точила се прави црква, сакав да поклонам од мојата фамилија влезната врата, резбарена меѓу 8.000 и 8.500 евра. Три пати се обратив до Прилеп, одев до Општината, ни рече дека нас ни требаат пари, а не врата. Бев и во штабот ни рекоа дека нас не ни треба материјал, туку ни требаат средства, пари.“
Инвестирав толку средства овде во селово, сакам селски туризам, ете купив уште неколку куќи, но за жал сум доста разочаран, светлата ги ставив другиот ден ми ги искршија, значи некому тоа не му
одговара.

Ковилоски вели дека многу пати досега бил донатор на македонските цркви во Германија. Со цел да го разубави своето село, во кое нема ниту пат, ниту канализација, овој печалбар одлучил на сопствен трошок да изгради улица што ќе минува низ целото село, а селскиот што се дели од регионалниот пат, да го асфалтира во должина од 8 километри. Засега патот е тампониран, поставени се и улични светилки, но некој од жителите преку ноќ ги искршил.

„Инвестирав толку средства овде во селово, сакам селски туризам, ете купив уште неколку куќи, но за жал сум доста разочаран, светлата ги ставив другиот ден ми ги искршија, значи некому тоа не му одговара“, регира Ковилоски.

Иако е незадоволен и крајно разочаран од оваа како што вели македонска реалност, овој печалбар нема да ги смени плановите. Ќе замине со сопругата во Германија, за да заврши дел од обврските во неговата компанија, но веднаш потоа ќе се врати. Вели ќе ги издржи сите искушенија и ќе го оствари својот животен сон, да печали во странство, за да инвестира во родната Македонија.