Стечајците повторно на протести

Протест на стечајците од Куманово

Стечајците од Куманово повторно на протести за да ја потсетат власта да го реши нивниот проблем. Го блокираа автопатот Куманово-Скопје.
Група стечајци од Здружението „УНИТ“ од Куманово со мирен двочасовен протест го блокираа влезот и излезот на градот на патниот правец Куманово-Скопје. Тие се во егзистенцијална агонија веќе втора година.

Нема ни држава, ни правда, ни ништо. Од 1976 година сум бил на работа. Триесет и пет години, а имам 59 години. Ако не ми даваат пензија, нека ми дадат тоа што ми е неисплатено, тоа што сум заработил, барем до пензија. А немам ни социјално,
ни ништо.
РСЕ: До кога вака?

„Нема ни држава, ни правда, ни ништо. Од 1976 година сум бил на работа. Триесет и пет години, а имам 59 години. Ако не ми даваат пензија, нека ми дадат тоа што ми е неисплатено, тоа што сум заработил, барем до пензија. А немам ни социјално, ни ништо“, вели Садики Нефаил, поранешен работник во ЈП „Водостопанство“.

РСЕ: Се надевате ли пред избори Владата да попушти?

„Не знам. И СДСМ, тогаш Бранко Црвенковски не потпиша 25/55, со тоа јас одамна би бил во пензија. Сега тие велат „да“ , а ВМРО-ДПМНЕ вика „не“. Кажи ми да ти кажам! Нема ни правда ни ништо, па сакаме во Европа, каква Европа.“

Архива: Протест на стечајците во Куманово на 1 април 2010

Љиљана Ѓорѓиевска вели дека ќе протестираат се додека не се исполнат нивните барања, за кои како што додава, лидерите од сите опозициони партии им рекле дека нивниот проблем е решлив.
Тогаш Бранко Црвенковски не потпиша 25/55, со тоа јас одамна би бил во пензија. Сега тие велат „да“ , а ВМРО-ДПМНЕ вика „не“. Кажи ми да ти кажам! Нема ни правда ни ништо, па сакаме во Европа, каква Европа.


„Дека не треба многу пари,дека е една капка во море од буџетот. Ова е некој инает од Владата.“

РСЕ: Кои се вашите барања?

„Петнаесет години минимум работен стаж, 50 години возраст за жени, а 53 за мажи.“

Ѓорѓиевска вели дека на почетокот во државава биле околу 10 илјади, дел од нив починале, дел се заболени. Останале околу 6 илјади. Во Куманово од 1.100 сега се 460 стечајци, бидејќи и од нив дел починале, а дел се тешко заболени.

РСЕ: Дали се надевате дека пред избори Владата ќе попушти?
2006 година Груевски не измами. Обештети малку стечајни работници, а останатите сме на улица.

„2006 година Груевски не измами. Обештети малку стечајни работници, а останатите сме на улица. Не очекуваме, а со полиција на врата, со полиција на уредно најавени протести, тие повеќе би сакале да не нема, а не да не обесштетат.“

РСЕ: Како живеете во меѓувреме?

„Многу сиромашки, вода немам, струјата ми е исклучена, од соседите земам. Од 1996 година сум стечаец од „Техника“ од Скопје. Тројца сме, синот е на факултет“, вели 55-годишниот Петар Јовановски.

Осман Али, со 24 години работен стаж и 54 години возраст раскажува:

„Не ми работи ни жена, ни деца, а од операција дојдов тука, имам камен во желудникот. Немаме ни за едно парче леб, за струја, за вода, на сите се ни е исклучено.“

Не ми работи ни жена, ни деца, а од операција дојдов тука, имам камен во желудникот. Немаме ни за едно парче леб, за струја, за вода, на сите се ни е исклучено.
РСЕ: Се обидовте ли во некоја партија да се ангажирате?

„Мене не ме интересираат партии, јас си го барам моето. Имам 25 години стаж.“

Зошто токму 15 години работен стаж, Ѓорѓиевска објаснува:

„Само тој закон функционира, минимум 15 години работен стаж, а старост 62/64. Ние не сме способни за работа и сите се над 50 години, затоа бараме една поткрепа од државата, или да ни најдат работа или обесштетување. И покрај тоа што и тие шест илјади денари не се доволни да се преживее.“

Стечајците не отстапуваат од нивната борба за опстанок и најавуваат масовен протест за 6 април во Скопје.