Четврти ден воздушни напади врз Либија на меѓународната коалиција со цел да ги спречи силите на Моамер Гадафи да ги напаѓаат приврзаниците на опозицијата кои бараат негова оставка. Либиската телевизија, со снимки на дејствување на противоздушната одбрана, порача дека либискиот народ не се плаши од странските напади. Во меѓувреме, продолжуваат несогласувањата за начинот и целите на меѓународната интервенција.
Интервенцијата, најголема во арапскиот свет по инвазијата врз Ирак во две илјади и третата година, почна во неделата откако Советот за безбедност на Обединетите нации усвои резолуција со која се одобрува меѓународна воена акција со цел воспоставување зона на забранети летови над Либија.
Нападите предизвикаа критики од шефот на Арапската лига Амр Муса, кој сепак изјави дека ќе ја почитува резолуцијата на Советот. Во рамките на Европската унија, пак, Германија изрази противање и одби да учествува во меѓународната коалиција. И таа, сепак прифати да дава хуманитарна помош.
Интервенцијата во Либија покрена јавен судир меѓу рускиот претседател Дмитриј Медведев и премиерот Владимир Путин, кој оценувајќи ја акцијата како средовековен крстоносен повик изјави:
„За време на претседателот Бил Клинтон тие ја бомбардираа Југославија и Белград. Буш испрати трупи во Авганистан. Потоа донесоа војници во Ирак со целосно лажен изговор и го елиминираа ирачкото раководство. Сега е на ред Либија и тоа под маската за заштита на цивилите.“
Неколку часа подоцна, Медведев изјави дека ваквиот коментар на Путин е неприфатлив.
„Под никакви околности не е прифатливо да се користат изрази кои во суштина можат да доведат до судир на цивилизациите, како на пример крстоносни војни. Тоа е неприфатливо. Во спротивно може да заврши многу полошо отколку сега. Секој треба да го знае тоа.“
Медведев додаде дека не верува оти резолуцијата на Обединетите нации била погрешна.
Во меѓувреме, американскиот претседател Барак Обама на прес-конференција во Чиле рече дека Соединетите Држави во наредните неколку денови ќе го предадат командувањето на воената акција врз други учесници, но притоа не ги именува.
„Американска политика е дека Гадафи треба да замине. И ние имаме широк спектар на алатки кои заедно со воените напори ќе ја поддржат таа наша политика.“
Од друга страна, Вашингтон на секој начин се обидува да ги одбегне паралелите со инвазијата врз Ирак и соборувањето на Садам Хусеин, наведувајќи дека главна цел е заштита на цивилте.
„Немам мисија да го нападнам тој човек и ние не го правиме тоа. Не го напаѓаме неговото живеалиште или нешто слично“, изјави шефот на американската команда во Африка, генерал Картер Хем.
Во меѓувреме, Турција која исто така се противи на акцијата во Либија, го прифати барањето на Вашингтон да ги претставува американските интереси во Триполи.

Американска политика е дека Гадафи треба да замине. И ние имаме широк спектар на алатки кои заедно со воените напори ќе ја поддржат таа наша политика.