Либија - „Одисеја Зора“

Западните сили ги напаѓаат либиските воени единици од небо и од вода. Првата фаза од операцијата била успешна, соопштија од американската армија
Либиските власти потврдија дека најмалку 48 лица загинале во насилствата кои почнаа вчера со првата воздушна инвазија на дваесетина француски борбени авиони. Станува збор за најголема странска интервенција во арапскиот свет од 2003 година, кога американските вооружени сили ја извршија првата инвазија на Ирак. Околу 150 лица се повредени во насилството, кое ексалираше со интервенцијата на американските и британските вооружени сили, тврдат од Владата на Либија. Тврдењата на либиските власти за сега не може да се потврдат. Доктори во болница во градот за медиумите изјавија дека либијската пешадија убила повеќе од 90 лица. Лидерот Муамар Гадафи најави „долга војна“ против, како што ја нарече „колонистичката агресија“.


Напад за спречување насилство

Операцијата, иманувана „Одисеја Зора“ цели кон ослабнување на либиската војска и исполнување на препораката за затворање на воздушниот простор над северноафриканската земја, соопштија западните власти. Француски и британски авиони извршиле бомбардирања, додека, според Пентагон, американските борбени авиони, бродови и подморници испукале вкупно 110 проектили кон 20 мети во околината на градовите Триполи и Мисрата.

Успешна прва фаза

Бенгази, денеска

Првата фаза од меѓународната операција за затворање на либијскиот воздушен простор е успешна, изјави денеска Мајкл Мулен, висок претставник на американската војска. Во првата фаза од заедничката меѓународна операција беше предвидено сопирање на пешадиската офанзива на либијската војска во градот Бенгази. Командантот на Африканската команда на американаката војска изјави дека во денешните ракетни напади во Либија биле погодени 20 од 22-те планирани мети.

Гадафи најави масовно наоружување

Муамар Гадафи
Во аудио порака која се емитуваше на либиската државна телевизија, лидерот Моамар Гадафи изјави дека северниот дел на Африка се претворил во „бојно поле“ и најави вооружување на народот.

„Потребно е да се отворат сите складишта и да се вооружат масите со секакви видови оружје, за да се брани независноста, целината и честа на Либија“, изјави Гадафи.

САД одбива „да стои настрана“

Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека одобрил „ограничена акција“, како дел од меѓународните напори за заштита на жителите на земјата.

„Не можеме да стоиме настрана кога тиранин му соопштува на сопствениот народ дрка ќе биде безмилостен и кога неговите сили ги интензивираат нападите во градови како Бенгази и Мисрата, каде жителите се соочуваат со бруталност и умираат во рацете на сопствената влада. Постапките имаат последици и одлуката на меѓународната заедница мора да биде охрабрена. Тоа е каузата на оваа коалиција“, рече Обама.



Русија жали, Кина се противи


Русија, од друга страна, жали за воената интервенција во Либија и побара прекин на насилството во северноафриканската земја, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Портпаролот на руското МНР Александар Лукашевич дополни дека резолуцијата на Советот за безбедност при Обединетите нации, со која се одобрува воена интервенција, била усвоена на брзина. Русија, земја членка на Советот за безбедност со право на вето, не го искористи своето право за оспорување на одлуката на Обединетите нации при гласањето на резолуцијата во четвртокот. Таа беше една од петте земји која беше воздржана во гласањето. Така, одлуката на светската организација беше усвоена со десет гласа „за“ и ниту еден „против“.

Кинеското Министерство за надворешни работи, во посебно соопштение, порача дека Кина „се противи на употребата на сила во меѓународните односи“. Кина, која исто така има право на вето во Советот за безбедност, беше една од петте земји членки која апстинираше од гласањето за резолуцијата за Либија.

Нападот на Бенгази како буре барут

Повредени бунтовници од немирите во Либија пред почетокот на странската воена интервенција

Официјален Триполи не прекина со насилството во земјата. Покрај ветувањата за примирје, силите лојални на лидерот Моамер Гадафи вчера почнаа да се пробиваат во предградијата на Бенгази. Илјадници луѓе бегаа од ова населено место во источниот дел на земјата.

Одлуката за воена интервенција беше донесена во Париз. Францускиот претседател Николас Саркози се сретна со генералната секретарка на САД Хилари Клинтон, британскиот премиер Дејвид Камерон и генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун. На средбата присуствуваа и претставници од Африканската унија, чиј член е и Либија. Сепак, Либиските власти не испратија свој претставник на средбата. Најавата за воздушен напад ја официјализираше Саркози, кој по состанокот потврди дека дваесет француски борбени авиони се упатиле кон северноафриканската земја. Прва мета на напад беше тенк во сопственост на силите лојални на либискиот лидер.