Во Јапонија продолжуваат напорите за спречување на поголема катастрофа во нуклеарката Фукушима која беше оштетена од земјотресот и цунамито. Во меѓувреме, спасувачките екипи оценуваат дека паниката околу атомската радијација го одвлекува вниманието од маките на преживеаните во природните катастрофи што во петокот ја погодија Јапонија.
Воени хеликоптери исфрлаат вода врз третиот реактор на нуклераката Фукушима за да спречат топење на прачките со гориво.
Официјални претставници велат дека во реакторот расте притисокот што е многу опасно со оглед на фактот дека прачките содржат и плутониум.
„Во моментов работиме најдобро што знаеме за да ги оладиме реакторите со исфрлање вода од хеликоптери и од водени топови од земјата“, изјави главниот шеф на владиниот кабинет Јукио Едано.
Во меѓувреме, американскиот претседател Барак Обама, во телефонски разговор со јапонскиот премиер Наото Кан, изјавил дека Соединетите Држави ќе сторат се што можат за да и помогнат на Јапонија да се опорави од двојната природна катастрофа.
Поради стравување од покачување на радиоактивноста, американската амбасада во Токио му дозволи на персоналот и на нивните семејства да заминат доколку тоа го сакаат. Истото го направи и Велиак Британија.
Претходно, во Вашингтон беше соопштено дека базенот со вода за ладење на прачките со гориво во реакторот Четири во Фукушима бил празен и оти е можна зголемена радијација. Ова беше демантирано од јапонските власти.
Во Јапонија е и шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукија Амано. Тој одби да ги коментира наводите од американскитедипломатски телеграми кои беа објавени на Викиликс дека Агенцијата пред две години ја предупредила Јапонија за можните последици врз нуклеарните централи од земјотреси.
Евентуалната нуклеарна катастрофа во Фукушима, како што предупредуваат докторите, го одвлекува вниманието од големата хуманитарна катастрофа на преживеаните од земјотресот и цунамито.
Во најпогодените подрачја преовладува студено време со снежни врнежи, а центрите за евакуација се соочуваат со потешкотии во снабдувањето со вода, храна и со гориво за греење.
Дамир Шагољ, фоторепортер на новинската агенција Ројтерс кој се наоѓа во погоденото подрачје на североистокот на Јапонија во разговор за Радио Слободна Европа изјави дека ситуацијата во спасувачките центри била исклучително тешка.
„Тука има буквално повредени по ходниците како во филмовите или во снимките што ги гледаме од воените подрачја. Хуманитарните организации треба допрва да дојдат. Ова ги надминува рамките на национална катастрофа. Ова е меѓународна катастрофа“, изјави фоторепортерот на Ројтерс Дамир Шагољ, кој во моментов е во Јапонија.
Шагољ, со кого разговараше Недим Дервишбеговиќ, додава дека автопатиштата се затворени и оти нигде немало бензин и храна.
„Што е меѓутоа интересно? Тоа е дека нема паника. Ова да се случи во Европа или во нашиот дел на Европа, на Балканот, тоа ќе беше најстрашна паника. Во овие четири дена не видов никој да паничи, да граба во самопослуги, да плаче, да вреска.“
Тој оценува дека би било многу тешко да се организира масовна евакуација во случај на најцрно сценарио на нуклеарката Фукушима, бидејќи Јапонија, како што вели, е многу густо населена, а патиштата и пристаништата се уништени.
Околу 850 илјади домови на североистокот на Јапонија се без електрична енергија. Бројот на жртвите досега изнесува над 5 илјади, додека скоро 9 илјади се водат за исчезнати.
Официјални претставници велат дека во реакторот расте притисокот што е многу опасно со оглед на фактот дека прачките содржат и плутониум.
„Во моментов работиме најдобро што знаеме за да ги оладиме реакторите со исфрлање вода од хеликоптери и од водени топови од земјата“, изјави главниот шеф на владиниот кабинет Јукио Едано.
Во меѓувреме, американскиот претседател Барак Обама, во телефонски разговор со јапонскиот премиер Наото Кан, изјавил дека Соединетите Држави ќе сторат се што можат за да и помогнат на Јапонија да се опорави од двојната природна катастрофа.
Поради стравување од покачување на радиоактивноста, американската амбасада во Токио му дозволи на персоналот и на нивните семејства да заминат доколку тоа го сакаат. Истото го направи и Велиак Британија.
Претходно, во Вашингтон беше соопштено дека базенот со вода за ладење на прачките со гориво во реакторот Четири во Фукушима бил празен и оти е можна зголемена радијација. Ова беше демантирано од јапонските власти.
Во Јапонија е и шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукија Амано. Тој одби да ги коментира наводите од американските
Тука има буквално повредени по ходниците како во филмовите или во снимките што ги гледаме од воените подрачја. Хуманитарните организации треба допрва да дојдат. Ова ги надминува рамките на национална катастрофа. Ова е меѓународна катастрофа.