ЕУ интеграциите назадуваат?

Власта е задоволна како се одвиваат евроинтеграциите, додека експертите сметаат дека во овој процес Македонија назадува.
Македонија денес се наоѓа во одлучувачки момент, подготвена да започне преговори за членство во ЕУ рече македонскиот вицепремиер за европски прашања Васко Наумовски во рамки на своето обраќање пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент на која на дневен ред е амандманска расправа по Нацрт резолуцијата за напредокот на Република Македонија подготвена од словенечкиот европратеник Зоран Талер.
Поздравувајќи го, како што оцени, „одличниот“ извештај, тој ги потсети европратениците дека оваа 2010 година Македонија прославува 20 години од својата независност, дека беше единствената земја од поранешна Југославија која независноста ја стекна по мирен пат и оти таа секогаш беше на добрата страна, на страната на Европската Унија.

Македонија има причина да биде задоволна од начинот на кој ја создава својата европска иднина. Ова е ставот за евроатланската иднина на земјава на претседателот на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Република Македонија, Александар Спасеновски.
Доколку членството во ЕУ го сфатиме како еден од рецептите за модернизација на македонското општество тогаш ќе сфатиме дека единствено преку сугестиите, преку препораките, преку усогласувањето на македонското со европското законодавство ние го модернизираме македонското
општество.


„Нејзиниот европски пат во многу нешта е специфичен, особено поради спорот со името, меѓутоа доколку членството во ЕУ го сфатиме како еден од рецептите за модернизација на македонското општество тогаш ќе сфатиме дека единствено преку сугестиите, преку препораките, преку усогласувањето на македонското со европското законодавство ние го модернизираме македонското општество кое треба да биде во функција на македонските граѓани.“

Ставови на екпсертите.

Без очекувања за драматични поместувања во поглед на евроинтеграциите по денешната расправа во Европарламентот кај домашната стручна јавност, кај која нема сомневање дека земјава назадува во овој процес.

Што не очекува од расправата во ЕУ парламентот ?

„Имаме многу лоши меѓуетнички односи, лоши релации помеѓу позицијата и опозицијата, значи без оглед какви пораки ќе ни дадат од Брисел, ние тука знаеме дека состојбата е алармантна во вид на функционирање на системот“, изјави професор Имер Исмаили од Штуловиот Универзитет.
Имаме многу лоши меѓуетничките односи, лоши релации помеѓу позицијата и опозицијата, значи без оглед какви пораки ќе ни дадат од Брисел ние тука знаеме дека состојбата е алармантна во вид на функционирање на системот.


Според него, колку и да биде дипломатски речникот на европратениците, пораките треба да ги слушнат политичките лидери, чие однесување според Исмаили не соодветствува со реалноста.

Професор Димитар Мирчев, пак, очекува позитивна расправа во Европскиот парламент, иако не ја исклучува можноста дека за некои области таа ќе биде критички насочена кон земјава. Сепак, Мирчев подвлекува дека сегашната состојба на внатрешните односи не е поволна за нашиот предпристапен процес кон Европската унија.

„Сигурно е дека создава и една претстава за лабилност на демократскиот процес кај нас, за отсуство на дијалог, макар што другите компоненти на тој процес се одвиваат доста поволно, мислам на хармонизацијата на законодавството, мислам на имплементација на веќе усвоените закони.“

Токму политичките критериуми, велат експертите, се критички и најспорни во однос на нашиот евроинтегративен процес.

„Доколку навистина има успешни предвремени избори, може да се изгладат тие оценки, меѓутоа доколку оваа ситуација продолжи или барем биде неизвесна тоа ќе биде неповолен индикатор за нас“, изјави Мирчев.

Инаку, деновиве европратеникот Зоран Талер изјави дека никој не се сомнева во добрите намери на власта и на политичките актери, но прашањето е каде е резултатот. Токму во тој дел се гледа дека Македонија премногу се свртила навнатре и веќе не е толку заинтересирана за евроатлантските интеграции, смета Талер. Во предлог-резолуцијата меѓу другото се повторува заклучокот земјата конечно да добие датум за преговори. Се критикува за отсуството на политички дијалог, за мешањето во независноста на медиумите, за ситуацијата во судството.

Претседателот на мешвитиот комитет на Европскиот Парламент Европска унија - Република Македонија, германскиот европартеник Јорго Шацимаркакис, слично на Талер, оцени дека покрај нерешениот проблем со името, постојат и внатрешни конфликти како со албанското малцинство. Тој искажа и забелешки за третманот на досегашниот претставник на ЕУ во Македонија Ерван Фуере, потоа за престојните предвремени избори за кои, вели, не се знае дали ќе биде ставен крај на блокадата на внатрешниот политички дијалог, како и за слободата на печатот.

Усвоена предлог - резолуцијата

Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент попладнево ја усвои предлог резолуцијата за напредокот на Македонија, подготвена од словенечкиот европратеник Зоран Талер. За предложената резолуцијата гласаа 49 европратеници од кои 7 беа против, а 3 воздржани. Водечките политички групи успеаја да постигнат 14 компромисни амандмани за новиот текст на резолуцијата, усвојувајќи уште околу 50 други амандмани од вкупно поднесените 152. Клучната препорака во резолуцијата е Македонија што побргу да почне преговори за членство во ЕУ. Конечниот текст на документот ќе биде објавен наскоро од службите на Европскиот парламент, откако ќе бидат проверени резултатите од денешното гласање.