Во Јапонија, загриженост од радијација од оштетените нуклеарки во Фукушима. Властите стравуваат дека има над 1000 загинати.
Јапонските власти ги повикаа луѓето да се евакуираат на 10 километри од оштетената нуклеарна централа поради безбедносни причини. Ова следеше по силната експлозија која одекна во една од двете оштетени нуклеарки во Фукушима.
Eксплозијата ја оштети зградата но не металниот оклоп околу јадрото на реакторот, соопштија јапонските власти. Владиниот портпарол Јукио Едано дополни дека нивоата на зрачење во близина на нуклеарката во североисточниот дел на земјата не се зголемиле по потресот, демантирајки ги претходните извештаи на медиумите во кои се тврдеше спротивното.
Властите уште претходно по големиот земјотрес и цунамито соопштија дека се загрижени и за двете нуклеарни централи во Фукушима каде страдале системите за ладење и каде што била регистрирана радијација. Такајуки Сато.
„Тие на вестите велат дека дури и да сте изложени н радијација тоа било како една четвртина од Х – реј зраците кога го снимате стомакот. Беше лошо. Се надевам дека се ке биде во ред.“
Јапонија соопшти дека се стравува дека во земјотресот и цунамито кои вчера го погодија североисточниот брег на земјата живото го изгубиле над 1000 лица. Илјадници луѓе се евакирани од оваа област а на целиот брег продолжуваат опсежните операции за спасување. Енико Накахара.
„Оштетувањата се страшни и сите велат дека ова е најголем земјотрес што ја погодил Јапонија.“
Вчерашниот земјотрес од 8,9 степени според Рихтер е опишан како 5 ти најсилен земјотрес кој ја погоди планетата Земја во изминативе 100 години.
Нуклеарна несреќа со локални последици
Нуклеарната несреќа имаше локални последици, се наведува во извештајот на јапонските власти до Меѓународната агенција за атомска енергија при Обединетите нации. Во извештајот до Агенцијата јапонската Влада ја оценува нуклеарната несреќа во Фукошима со четворка, на скала од еден до седум. Согласно класификацијата, со единица се означува аномалија додека седмица значи голема несреќа. Во меѓувреме, јапонските медиуми јавија дека најмалку три лица биле озрачени по експлозијата, пред да бидат евакуирани.

Оштетувањата се страшни и велат дека е ова најголем земјотрес што ја погодил Јапонија...