ЕУ ќе вложи 98 милиони евра во македонските евроинтеграции во наредниот период, изјави новиот евроамбасадор Петер Соренсен.
Ние сме тука за да и помогнеме Македонија на патот кон Европската унија и да дадеме подршка во решавањето на сите прашања што беа посочени во последниот извештај за напредокот на Македонија, рече новиот амбасадор на Унијата Петер Соренсен, по средбата со вицепремиерот задолжен за европски прашања Васко Наумовски во македонската владата.
„ЕУ и понатаму ја подржува оваа активност. За следниот период ќе бидат вложени околу 98 милиони евра од ЕУ на овој план. Продолжуваме да бидеме активни во процесот. Веднаш откако ќе завршат овие воведни активности, се враќаме на работа. Свесни сме дека Секретаријатот врши многу добра работа.“
Соренсен рече дека избрал, првата изјава по неговото доаѓање во Македонија да ја даде по средбата со вицепремиерот Наумовски за да покаже кој ќе биде нивниот „вистински партнер“ во текот на работата во Македонија.
Вицепремиерот Наумовски рече дека со новиот амбасадор на ЕУ Петер Соренсен разговарале за активностите што ги спроведува владата во насока на исполнување на критериумите за членство во ЕУ, за поставеноста на структурите за раководење со целокупниот процес и за идните активности „во насока на добивање на уште еден објективен извештај кон крајот на годинава“.
„Ние, како Влада и како држава, остануваме цврсто посветени и фокусирани на сите активности што ќе значат приближување на Македонија кон полноправно членство во ЕУ. Уверени сме дека и Делегацијата на ЕУ предводена од господинот Соренсен ќе биде најцврстиот сојузник и партнер на Владата на Македонија во наредниот период, во остварување на оваа наша заедничка цел.“
Наумовски е уверен дека искуството на Соренсен во регионов ќе помогне тој подобро да ги разбере околностите во Македонија и се надева оти лично ќе се заложи да го даде својот максимум за забрзување на евроинтеграциите.
Отако ги дадоа изјавите, Наумовски и Соренсен заминаа без да им дозволат на новинарите да постават прашања.
ЕУ и понатаму ја подржува оваа активност. За следниот период ќе бидат вложени околу 98 милиони евра од ЕУ на овој план. Продолжуваме да бидеме активни во процесот.
„ЕУ и понатаму ја подржува оваа активност. За следниот период ќе бидат вложени околу 98 милиони евра од ЕУ на овој план. Продолжуваме да бидеме активни во процесот. Веднаш откако ќе завршат овие воведни активности, се враќаме на работа. Свесни сме дека Секретаријатот врши многу добра работа.“
Соренсен рече дека избрал, првата изјава по неговото доаѓање во Македонија да ја даде по средбата со вицепремиерот Наумовски за да покаже кој ќе биде нивниот „вистински партнер“ во текот на работата во Македонија.
Вицепремиерот Наумовски рече дека со новиот амбасадор на ЕУ Петер Соренсен разговарале за активностите што ги спроведува владата во насока на исполнување на критериумите за членство во ЕУ, за поставеноста на структурите за раководење со целокупниот процес и за идните активности „во насока на добивање на уште еден објективен извештај кон крајот на годинава“.
Остануваме цврсто посветени и фокусирани на сите активности што ќе значат приближување на Македонија кон полноправно членство во ЕУ. Уверени сме дека и Делегацијата на ЕУ предводена од господинот Соренсен ќе биде најцврстиот сојузник и партнер на Владата