Според експертите, со измените во законот за лустрација процесот станува дискриминаторски и се претвора во „лов на вештерки“.
Новите измени во законот за лустрација дополнително го искомплицираа процесот на лустрирање. Со измените во законот се предвидува лустрирање на сите луѓе кои вршеле јавна функција од 1944 година до сега. Координаторот на пратеничката група која ги предложи измените во Собранието, Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ вели дека се погрешни информациите оти политичарите се амнестирани. Таа додава дека тие се лустрирани до денот кога ја дале изјавата.
„Со новиот закон само настана појаснување дека периодот за кој што Уставниот суд донесе одлука да се укине горната граница за важење на законот, а тоа беше до влегување на сила на законот, до тогаш да се врши лустрацијата, ние со законот таа горна граница целосно ја потврдивме онака како што Уставниот суд ја укина.“
Претседателот на комисијата за лустрација Томе Аџеив вели дека кога се вршела проверка на изјавите на политичарите, прашањето не било временски определено до кога биле соработници на тајните служби.
„Сега излегува дека некои се привилигирани, а некои не биле привилигирани, што не е точно. Законот си продолжува да важи целосно, но сега и ако се утврди дека некој соработувал после периодот од 91-та година неговата изјава нема да биде верифицирана.“
Дел од аналитичарите сметаат дека законот за лустрација ќе се претвори во лов на вештерки.
Новите измени во законот за лустрација се неуставни и создаваат нееднаквост меѓу граѓаните. Професор Осман Кадриу вели дека новитеизмени се спорни и од аспект на опфат на луѓе кои треба да бидат лустрирани од аспект на временскиот период кога биле фунционерите ги обавувале јавните функции. Тој додава дека најдобро е Собранието да донесе закон за симнување на овој закон од правна сила, затоа што како што вели нема да донесе никакви резултати ниту ќе биде спроведен во целост како што треба. Кадриу додава дека поентата на предлогот на парламентарното мнозинство за измените во законот е политички реваншизам.
„Према оделни лица може да се оди до крај, да се утврди по секоја цена дека биле припадници, односно соработници на тие служби за само да се посигне некоја политичка цел, а таа цел ќе биде реваншизам, додека од друга страна нема да бидат опфатени оние вистинските соработници кои навистина треба да одговараат, а кај нас по законот таа одговорност е само политичка, нема никаква друга одговорност.“
Професор Љубомир Фрчкоски вели дека законот е комедија, има грешки, лицемерен е и ќе придонесе за нарушување на меѓународниот углед на земјата.
„Тоа е закон за политичка пресметка со кого сакаш, фактички воопшто не функционира во контекстот на неговата намена, идеја...“
Со измените во законот се предвидува лустрација и на свештениците и на новинарите.
Со новиот закон само настана појаснување дека периодот за кој што Уставниот суд донесе одлука да се укине горната граница за важење на законот, а тоа беше до влегување на сила на законот, до тогаш да се врши лустрацијата, ние со законот таа горна граница целосно ја потврдивме онака како што Уставниот суд ја укина.
„Со новиот закон само настана појаснување дека периодот за кој што Уставниот суд донесе одлука да се укине горната граница за важење на законот, а тоа беше до влегување на сила на законот, до тогаш да се врши лустрацијата, ние со законот таа горна граница целосно ја потврдивме онака како што Уставниот суд ја укина.“
Претседателот на комисијата за лустрација Томе Аџеив вели дека кога се вршела проверка на изјавите на политичарите, прашањето не било временски определено до кога биле соработници на тајните служби.
„Сега излегува дека некои се привилигирани, а некои не биле привилигирани, што не е точно. Законот си продолжува да важи целосно, но сега и ако се утврди дека некој соработувал после периодот од 91-та година неговата изјава нема да биде верифицирана.“
Дел од аналитичарите сметаат дека законот за лустрација ќе се претвори во лов на вештерки.
Новите измени во законот за лустрација се неуставни и создаваат нееднаквост меѓу граѓаните. Професор Осман Кадриу вели дека новите
Према оделни лица може да се оди до крај, да се утврди по секоја цена дека биле припадници, односно соработници на тие служби за само да се посигне некоја политичка цел, а таа цел ќе биде реваншизам, додека од друга страна нема да бидат опфатени оние вистинските соработници.