Експертите го анализираат македонскиот феномен на молчење и неказнување на власта за лошата економска ситуација, додека за истото регионот го „тресат“ протести.
Здравиот разум вели дека владите што ги зголемуваат трошоците и ја намалуваат куповната моќ на граѓаните ќе бидат казнети на избори, но тоа не е случај и во земјава.
Незадоволството од последните поскапувања како и намалувањето на стандардите ќе влијае негативно врз политиката, но не во големи размери,велат експертите. Социолозите не очекуваат некои позначајни реакции од граѓаните по ваквите економски случувања. Велат дека само политичарите ќе ја злоупотребат ситуацијата за препукувања, а граѓаните ќе останат апатични на сето тоа.
Социологот Илија Ацески вели дека е тешко да се претпостави во која насока ќе се движи тоа незадоволство.
„Може тоа да биде искористено во политички цели што е непредвидливо и тешко може да се дефинира кој е вкупниот резултат од сето тоа. Тоа може, да речеме, од една страна, да има некои позитивни нешта во смисла на профилирање на некои ставови на партиите или оние кои се на власт, а од друга страна може да значи понатамошно продлабочување на кризата во другите сфери на политичкиот и социјалниот живот.“
Експертите велат дека влијание ќе има, но не како и во другите земји во регионот каде граѓаните реагираат поагресивно. Тие сметаат дека Македонија е специфична во однос на слабите социјални реакции, па затоа политичарите сметаа дека на граѓаните им е добро, па не преземаат никакви мерки ни иницијативи за да им ја подобрат ситуацијата.
Професор Здравко Савески вели дека политичарите го игнорираат социјалниот статус на граѓаните и нивната лоша материјална состојба е само податок за манипулација.
„Она што се очекува да го направат е опозицијата да го користи како аргумент против владата, но другата страна ќе тврди дека тоа е ефтин популизам и искрено кажано јас не сум баш убеден дека нашата опозиција, искрено, ако би дошла на власт би преземала некои мерки. Народот за жал во Македонија премногу зборува, а малку делува.“
Тој додава дека не очекува масовно изразување на незадоволство на граѓаните на улица како она што се случи во Хрватска, затоа што во земјава теоријата не се спроведува во пракса.
Последниот бран на поскапувања со кој струјата поскапе за речиси шест проценти, основните прехранбени производи достигнаа вртоглави цени го нападнаа џебот на граѓаните токму во предизборие. Иако некои експерти очекуваат дека токму таквата состојба ќе ги вразуми политичарите, досега нема никаква најава со која барам малку се олеснува социјалната положба на граѓаните.
Незадоволството од последните поскапувања како и намалувањето на стандардите ќе влијае негативно врз политиката, но не во големи размери,
Она што се очекува да го направат е опозицијата да го користи како аргумент против владата, но другата страна ќе тврди дека тоа е ефтин популизам.