Детството на Коља Лукашенко

Имаше аудиенција кај папата, изврши инспекција на војската и му го покажа неговиот позлатен пиштол на претседателот на Русија. Невообичаено за шестгодишно дете. Но, изгледа сосема нормално ако се каже дека станува збор за Коља, син на белорускиот претседател Александар Лукашенко, или како што го нарекуваат, последниот европски диктатор.
Николај Лукашенко или попознат како Коља е шестгодишно русокосо дете кое редовно е на телевизијата во Белорусија како придружба на татко му Александар Лукашенко при извршувањето на неговите претседателски должности.

Коља во декември лани беше на гласачкото место за време на контроверзните претседателки избори на кои победи Лукашенко со што го доби својот четврти мандат.


Лукашенко тогаш гордо изјави дека Коља го убедил за прв пат да гласа за себе.

„Одиме да гласаме заедно и тој го зема листот и почна да чита. Му требаше многу време да стигне до крајот и тогаш ми вели: Тате го има и твоето име. Го прашав за кој ќе гласа и тој ми рече. Би требало да гласаш за себе. Така за прв пат во мојот живот гласав за себе. И тоа благодарение на Коља.“

Ваквиот нежен дијалог би можело да звучи чудно за оние што беа сведоци на крвавите настани по последните избори во Белорусија во кои стотици припадници на опозицијата, меѓу нив и неколкумина ривали на
Така за прв пат во мојот живот гласав за себе. И тоа благодарение на Коља.
Лукашенко, беа претепани и фрлени во затвор.

Но, за Лукашенко кој подолго време го негува јавниот имиџ како Бацка или татко, Коља претставува вреден пример на идиличен однос меѓу татко и син. 56-годишниот белоруски претседател има два возрасни сина од неговата отстранета сопруга Халина.


Шестгодишниот Коља е од врската со поренешната негова докторка Ирина Абелскаја.

„Лукашенко е многу осамен. Целосно, крајно осмен. Тој се дистанцира од сите, бидејќи се плаши од сите. На никој не му верува. Дури и на своите синови гледа како на ривали кои планираат да го соборат од власт. Коља е психолошка замена за неговата осаменост. На Коља може да му верува, бидејќи е мал и не претставува никаква закана“, вели политичкиот аналитичар Владимир Падол.

Белоруските политичари по традиција ги држат своите семејства далеку од јавноста, но Коља и беше претставен уште кога имаше две години и оттогаш редовно се појавува покрај својот татко.
Лукашенко е многу осамен. На никој не му верува. Коља е психолошка замена за неговата осаменост.

Последен пат на неговата инаугурација во јануари во Палатата на републиката во Минск. Некои дури шпекулираат дека Коља би можело да биде наследникот кој ќе ја продолжи династијата Лукашенко во Белорусија.

Можеби затоа, како што вели Валериј Карбалевич, авторот на новата биографија на Лукашенко „Политички портрет“, неговите советници веќе му сугерирале да не го покажува многу во јавноста.

Малиот Коља Лукашенко му го покажува позлатениот пиштол на рускиот претседател Дмитриј Медведев на 29 септември 2009

„Белоруската јавност реагираше многу негативно на појавувањата на Коља, особено при официјалните средби на неговиот татко. Така, што се однесува до јавноста, Коља му донесе на Лукашено повеќе минус отколку плус“, вели Карбалевич.

Од друга страна, според психолозите, ваквото секојдневие на Коља, покажува колку и тој е осмен и изолиран од едно нормално детство. Или уште полошо, како што додаваат, можеби е уште една алатка во рацете на татко му во постигнувањето на своите политички цели.