Противречни информации пристигаат од Либија околу тоа кој што контролира. Додека власта тврди дека ги протерала бунтовниците, од терен пристигнуваат спротивни тврдења.
Истрели од автоматско оружје одекнаа утрово во Трипoли, главниот град на Либија. Пукањето е од подржувачие на Гадафи кои го слават ослободувањето на Рас Ланоуф од антивладините бунтовници, соопштија локалните власти. Бунтовниците, од друга страна, велат дека градот се уште е под нивна контрола. Во јавноста се проширија и информации за ракетен напад врз рафинеријата во градот.
Либиската државна телевизија јави дека силите на Гадафи повторно превземале контрола во градовите Ал Завиа и Мисрата, и се придвижуваат кон Бенгази, град кој се смета за центар на бунтовничките сили. За сега нема објективни докази за ваквите тврдења.
Гадафи тврди дека се бори против тероризам
Лидерот изјавил дека е вклучен во борба против тероризам изразувајки изненаденост од отсуството на странска помош. Во интервју за францускиот весник „Журнал ду Диманше“, Гадафи рекол дека ако отстапи од власт, Либија ќе се претвори во рај за терористички групи како Ал Каеда. Синот на лидерот, Саиф, во интервју за американската телевизија „Си Ен Ен“ изјави дека неговиот татко ја ужива подршката на мнозинство Либијци.
„Дури и ако утре се одржат избори, мојот татко ќе победи со мнозинство гласови“, рече синот на либискиот лидер кој, меѓу другото, испрати забелешки до меѓународната заедница за споменувањето на членовите на неговото семејство во контекст на кризата која настанала во земјата.
„Не постои поврзаност меѓу моето семејство и тоа што тука се случува“, рече Саиф Гадафи.
Загриженост за можна граѓанска војна
Коментарите на Моамер Гадафи следат еден ден по нападот на неговите вооружени сили врз бунтовниците во градот Ал Завија, на 50 километри од Триполи. Според локални извори на кои се повикуваат новинските агенции, викендов загинале 30 лица во вооружени судири во кои биле вклучени и тенкови. Според одредени проценки, стотици луѓе загинале во немирите кои во земјата избија пред две недели, во знак на незадоволство од над 40 годишното владеење на Гадафи. Меѓународната заедница е загрижена од можноста за граѓанска војна која би траела со недели или месеци.
Нови извештаи за заробени војници
Британското Министерство за одбрана не ги демантира нити пак ги потврдува информациите дека припадници на британските специјални сили се заробени од страна на бунтовниците во Либија. Во британскиот „Сандеј Тајмс“ пишува дека војниците придружувале млад дипломат низ териториите кои се под власт на бунтовниците. Претходно, холандското Mинистерство за одбрана потврди дека тројца нивни војници биле уапсени во Либија од страна на силите лојални на Гадафи, додека се обидувале да евакуираат европски работници.