Административниците загрижени од новите владини реформи. Сметаат дека промените се притисок што дополнително ќе ја влоши нивната положба.
Државните службеници се изненадени од најавените реформи со кои ќе се контролира нивната работа. Велат дека до сега никој ништо не им објаснил како ќе се надгледува тоа што го работат, но велат дека ова е притисок и дека се прави удар врз администрацијата.
„Вработена сум како работник на шалтер, како може оние три копчиња да одлучуваат за мојата работа“, вели една службеничка која сака да остане анонимна.
Поранешна вработена во администрацијата, оценува дека новите реформи дополнително ќе ја отежнат положбата на административните работници, која не е ни најмалку розова.
„Со секое менување на власта, она што можам сега да го кажам од моја страна, пристапот беше претходно проверка кој е во партија, кој не е, и се случуваше прераспределба нагоре-надолу. Меѓутоа најзагрижувачки беше што со годините, надолу отиде начинот на работа, игнорирање и прескокнување на она што се нарекува принципи, уредби, без кои не се може во јавната администрација.“
Ниту премиерот Груевски при најавата не реформите не објасни кој ќе ги надгледува копчињата со кои граѓаните ќе ја оценуваат работата на службениците.
Измените се само за заплашување на административните работници, вели правниот експерт и поранешен синдикалец Драге Јовановски:
„Овие измени се само во правец на плашење на административните работници, односно полесно нивно бркање од работните места. Значи сега, откога примија многу луѓе, не знаат што да им прават и практично сега сакаат да се ослободат од тие луѓе без ништо да им дадат и третата работа, тоа се административци кои не се остручени за да бидат примени на тие работни места, туку се примени по партиска линија итн. Според тоа, очекувам сето ова да биде негативно за работничката класа.“
И во СДСМ обвинија дека измените се само популистичка мерка пред избори. Од таму велат дека сега се создаваат можности за отпуштање, деградирање и казнување на државните службеници од страна на претпоставениот, односно од страна на државниот секретар во Министерството, кој што е политички именуван функционер.
Измените на законите за администрација започнаа по Нова година, кога клучните ингеренции за вработување и бркање од администрацијата, наместо Агенцијата за државни службеници, премина во Министерството за информатичко општество. Новите измени предвидуваат задолжителна пробна работа, психолошки тестови, стручни испити за административците, кратење на постапката за бркање од работа и уште некои измени.
Со секое менување на власта, она што можам сега да го кажам од моја страна пристапот беше претходно проверка кој е во партија, кој не е, и се случуваше прераспределба нагоре-надолу. Меѓутоа најзагрижувачки беше што со годините, надолу отиде начинот на
работа.
„Вработена сум како работник на шалтер, како може оние три копчиња да одлучуваат за мојата работа“, вели една службеничка која сака да остане анонимна.
Поранешна вработена во администрацијата, оценува дека новите реформи дополнително ќе ја отежнат положбата на административните работници, која не е ни најмалку розова.
„Со секое менување на власта, она што можам сега да го кажам од моја страна, пристапот беше претходно проверка кој е во партија, кој не е, и се случуваше прераспределба нагоре-надолу. Меѓутоа најзагрижувачки беше што со годините, надолу отиде начинот на работа, игнорирање и прескокнување на она што се нарекува принципи, уредби, без кои не се може во јавната администрација.“
Ниту премиерот Груевски при најавата не реформите не објасни кој ќе ги надгледува копчињата со кои граѓаните ќе ја оценуваат работата на службениците.
Овие измени се само во правец на плашење на административните работници, односно полесно нивно бркање од работните места. Значи сега откога примија многу луѓе, незнаат што да им прават и практично сега сакаат да се ослободат од тие луѓе.