Бранот поскапувања продолжува

По храната и сметките за струја, од денеска поскапи станаа и бензините и дизел горивата.
На прв поглед се чини дека зголемувањата од 5 или 10 проценти нема да претставува поголемо финансиско оптоварување, но голем дел од граѓаните сметаат дека скокот на цените што се случува во континуитет извршил влијание врз нивниот квалитет на живот. Некои помалку ги чувстсвуваат зголемените цени, но проблемот е најголем за оние што немаат работа. Има и анкетирани грaѓани кои наведуваат дека воведуваат измени во видот на продуктите кои ги користат, а истото го гледаат и трговците:
Нема движење на луѓе, порано во време на попусти имало многу поголем одзив, сме имале гужва на каса, повеќе луѓе, а сега не бараат квалитет, туку цена.


„Нема движење на луѓе, порано во време на попусти имало многу поголем одзив, сме имале гужва на каса, повеќе луѓе, а сега не бараат квалитет, туку цена.“

Од денеска поскапо и горивото

Од овој месец оние кои користат такси превоз ќе мораат подлабоко да „брцнат“ во својот џеб. По најновите поскапувања, луѓето, и тоа само оние што имаат работа, ќе имаат пари и тоа главно да ги платат комуналните сметки, и за храна и лекови. Платите остануваат на исто ниво. Скокот на цените на горивото предизвикува поголеми реакции и кај такси превозниците кои стравуваваат од намалувањето на обемот на работа:

„Сега можеби не, но за некој период да. Гледам има реакции од патниците што се возат.“
Има реакции, на пример некои дестинации што биле 90 денари сега се 110-120 денари.

„Има реакции, на пример некои дестинации што биле 90 денари сега се 110-120 денари.“

Социолозите нагласуваат дека во вакви ситуации најбитно е како ќе реагираат институциите за оние луѓе кои вистина секое поскапување од пет или 10 проценти ќе ги погоди. Поскапувањето нема сите да ги погоди, но тоа ќе го почувствуваат оние што немаат работа или се со минимални примаања, вели професор Илија Ацевски. Тој додава дека важно е дали и како институциите размислуваат за одвојување средства насочени кон овие луѓе.


„Го потенцирам тој факт, во ова општество каде што има голем процент на невработени, помали примања од просечните примања, да речеме кога би била некоја нормална ситуација од 5 до 10 отсто не би се одразило така драстично. Тоа е она што создава нервоза и што ги прави луѓето навистина да бидат загрижени.“

Цената на бензините од денеска се зголемува за 2,5 денари, а на дизел горивата за 2, односно 1,5 денари по литар, а струјата поскапува за 5,48 проценти. Како причина за зголемувањето на цената на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 5,89 отсто повисоката просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период, како и за 0,03 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.