Од растот на цената на нафтата владата ќе се офајди, а цехот ќе го платат граѓаните, велат познавачите. Се очекува раст на цените на горивата, по немирите во Либија.
Од немирите во Либија ќе ќари владата, а цехот ќе го платат граѓаните. Ова е проценката на бизнисменот Ристо Гуштеров, откако, поради немирите во Либија и воопшто на Блискиот Исток, поскапе нафтата на светските берзи. Тој проценува дека и во Македонија ќе порасне цената на горивата.
„Регулаторната комисија ќе го искористи моментот на растот на цената, тоа и одговара на владата бидејќи со тоа ќе граби повеќе од акцизата и ДДВ-то и ќе има повеќе пари во буџетот, а ќе се одрази како верижна реакција на цената на останатите производи, односно ќе имаме повеќе основа за инфлаторни процеси.“
Ваквите свои тврдења, Гуштеров ги поткрепува со несоодветствувањето на цените на нафтата на светските берзи со малопродажната цена на горивата во земјава:
„Каква пљачка се прави во Македонија, тоа е неверојатно. Кога беше 148 долари цената за барел на суровата нафта, цената беше 73 денари за бензинот супер, сега 96 долари, односно и 86 кога беше, значи и при овие цени ние имамве 73-74 денари.“
Поскапувањето на нафтата неминовно ќе значи и поскапување на останатите производи, а со тоа и намалување на животниот стандард на граѓаните, вели професор Мирач Хани од Штуловиот универзитет. Тој вели дека високата цена на нафтените деривати може да има катастрофални последици за македонската економијата.
„Со моменталните немири и евентуалното поскапување на нафтата автоматски ќе се одрази и на поскапувањата на останатите цени, а стандарот на населението уште повеќе ќе се намали.“
Ако цената на нафтата продолжи да расте, Гуштеров препорачува владата да ја намали акцизата или ДДВ-то за нафтените деривати, за да спречи поголема инфлација.
„Владата треба да субвенционира, или да ја намали акцизата или ДДВ-то ако сака да има на некој начин ’мир во куќа‘ и економијата да се движи, а вака се отвара еден процес на инфлаторни процеси. Меѓутоа им требаат очиглено пари за трошење и народот ќе плаќа, така што грешка им е тоа, бидејќи ако тоа го направат ќе се зголеми потрошувачката на дериватите, ќе ја стимулира економијата, а истите пари ќе влезат повторно меѓутоа тие или не го знаат тоа или несакаат да го направат.“
Цените на нафтата на светските берзи го достигнаа највисокото ниво во последните две години поради кризата во Либија - една од земјите членки на ОПЕК. На њујоршката берза цената порасна за околу 5 долари и сега барел нафта чини речиси 96 долари, што е највисока вредност од октомври 2008 година.
Регулаторната комисија ќе го искористи моментот на растот на цената, тоа е и одговара на владата бидејќи со тоа ќе граби повеќе од акцизата и ДДВ-то и ќе има повеќе пари во буџетот, а ќе се одрази како верижна реакција на цената на останатите производи, односно ќе имаме повеќе основа за инфлаторни процеси.
„Регулаторната комисија ќе го искористи моментот на растот на цената, тоа и одговара на владата бидејќи со тоа ќе граби повеќе од акцизата и ДДВ-то и ќе има повеќе пари во буџетот, а ќе се одрази како верижна реакција на цената на останатите производи, односно ќе имаме повеќе основа за инфлаторни процеси.“
Ваквите свои тврдења, Гуштеров ги поткрепува со несоодветствувањето на цените на нафтата на светските берзи со малопродажната цена на горивата во земјава:
„Каква пљачка се прави во Македонија, тоа е неверојатно. Кога беше 148 долари цената за барел на суровата нафта, цената беше 73 денари за бензинот супер, сега 96 долари, односно и 86 кога беше, значи и при овие цени ние имамве 73-74 денари.“
Поскапувањето на нафтата неминовно ќе значи и поскапување на останатите производи, а со тоа и намалување на животниот стандард на граѓаните, вели
Со моменталните немири и евентуалното поскапување на нафтата автоматски ќе се одрази и на поскапувањата на останатите цени, а стандарот на населението уште повеќе ќе
се намали.