Фуере си заминува

Евроамбасадорот Фуере го заврши својот мандат во Македонија

Без поздрав со премиерот Груевски, кој ја откажа средбата, евроамбасадорот Ерван Фуере си заминува од Македонија. Беше сведок и на убави, но и на непријатни ситуации во текот на петгодишниот мандат.
По пет години поминати во земјава, амбасадорот Ерван Фуере се подготвува да замине од Македонија. Во текот на неговиот продолжен мандат тој отворено ја критикуваше владата за одредени постапки, пред се за застојот на политичкиот дијалог и демократизацијата. Тој беше сведок и на убави, но и на непријатни ситуации во земјава.
Многумина ми рекоа, амбасадорот Фуере недостига уште да ни излезе од
фрижидерот.

Вчера премиерот Никола Груевски ја откажа прошталната средба со Фуере. Без образложение и без презакажување на истата.
Кога вицепремиерот Васко Наумовски неодамна се поздрави со Фуере, нарекувајќи го голем пријател на Македонија, на евроамбасадорот му подари карикатура со неговиот лик и притоа изјави>

Власта му подари карикатура

„Многумина ми рекоа, амбасадорот Фуере недостига уште да ни излезе од фрижидерот.“
Имаше некои недоразбирања, некои префрлања, пред се заради мешање во внатрешните работи, навистина тој беше многу вклучен во разрешување на различни состојби, спорови, бојкоти и слично, меѓутоа мора да се каже дека тоа не беше неговата идеја туку едноставно од него се бараше разрешување на некои состојби.


За заладените односи меѓу власта и евроамбасадорот зборуваат и домашните експерти.

Професор Димитар Мирчев оценува дека Фуере одлично ја завршил својата работа, иако потсетува дека неговиот мандат ќе го одбележат и недоразбирањата кои ги имаше со власта.

„Имаше некои недоразбирања, некои префрлања пред се заради мешање во внатрешните работи, навистина тој беше многу вклучен во разрешување на различни состојби, спорови, бојкоти и слично, меѓутоа мора да се каже дека тоа не беше неговата идеја туку едноставно од него се бараше разрешување на некои состојби.“

За нетрпеливоста меѓу власта и евроамбасадорот, сведочи и случајот кога пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев остро го критикуваше во Брисел обвинувајќи го Фуере дека е „пристрасен кон СДСМ“ и претставувајќи го како прототип на советските амбасадори.

Домашните аналитичари, ваквиот испад на Ѓорчев го оценија како невиден дипломатски скандал, кој само го влошува меѓународниот углед на земјава. Дел од нив укажаа дека е погрешен таквиот однос на македонските политичари кон странските претставници во земјава, оти тоа само го зајакнува анимозитетот кон нас и не става во уште понеповолна позиција на меѓународната сцена.

Фуере ќе го наследи данскиот дипломат Петер Соренсен. Тој беше личен претставник на еврокомесарот за надворешна политика Хавиер Солана во Белград до 2009 година. Претходно работел и како советник на специјалниот претставник на Обединетите Нации на Косово. Важи за добар познавач на состојбите во регионот, а според упатените не треба да се има сомнеж во објективноста и пријателскиот однос на данските дипломати кон нашата земја.