Кукан - Што побрзо решение за името, толку подобро

Европратеникот Едуард Кукан и вицепремерот Васко Наумовски

Европратеникот Едуард Кукан при посетата на Скопје повтори дека по решавањето на спорот за името, Македонија ќе добие датум за преговори.
Ако Македонија денеска го реши спорот за името со Грција, ќе добие датум за почеток на преговорите, рече европратеникот Едуард Кукан при посетата на Македонија. Тој, по средбата со вицепремиерот за евроинтеграции Васко Наумовски, изјави дека во Европскиот парламент сакаат земјава, што е можно побргу да му се приклучи на европското семејство, и дека што побрзо дојде до разрешница во спорот со името, толку подобро за Македонија.
Знаеме дека чекате на датум за почеток на преговори веќе долго време. Се надеваме дека ќе биде можно да започнете со преговорите, и да станете членка на ЕУ. Јас лично мислам дека во интерес на вашата земја, целиот регион и Европската унија е Република Македонија да влезе во ЕУ.


„Знаеме дека чекате на датум за почеток на преговори веќе долго време. Се надеваме дека ќе биде можно да започнете со преговорите, и да станете членка на ЕУ. Јас лично мислам дека во интерес на вашата земја, целиот регион и Европската унија е Република Македонија да влезе во ЕУ. Бидејќи не е можно да се зборува за обединета Европа без земјите од Западен Балкан“, рече Кукан.

Вицепремиерот Наумовски, коментирајќи го спорот со Грција и како на процесот на интеграции ќе се одразат евентуални избори, рече дека Грција може сто пати да ја повтори нивната црвена линија, а Македонија илјада пати ќе повтори дека нема да ги прифати нивните уцени.

„Поминаа времињата кога за Македонците и за сите граѓани што живеат на оваа територија се одлучуваше без нивно учество. Мислам дека без разлика кога ќе се оддржат изборите, сите политички партии во Македонија имаат јасно изразена политичка волја за продолжување на процесот на европска интеграција и исто така сите политички партии во Македонија имаат јасно изразена волја за изнаоѓање на взамено прифатливо решение за името.“

Кукан, кој е и поранешен министер за надворешни работи на Словачка, и
Мислам дека без разлика кога ќе се оддржат изборите, сите политички партии во Македонија имаат јасно изразена политичка волја за продолжување на процесот на европска интеграција и исто така сите политички партии во Македонија имаат јасно изразена волја за изнаоѓање на взамено прифатливо решение за името.
кој е известител во сенка за Република Македонија во групата на Европските народни партии, коментирајќи го бојкот на Собранието од страна на опозицијата, рече дека секаде во светот работа на опозицијата е да ја критикува власта, но тоа да се прави во институциите.

Европратеникот зборувајќи за патот на приближување на неговата земја кон европската Унија, рече дека не им било секогаш лесно, но тие се решиле на таков чекор, се обврзале и останале на тој пат, за денес да кажат дека Словачка имаа бенифиции од тоа што е земја членка на ЕУ.

Кукан ја посоветува Македонија да истрае на зацртаниот пат и на реформите.

„Реформите кои ги правиме и кои се потребни, не ги спроведуваме затоа што тоа од нас го бара Брисел, туку затоа што тоа е добро за нас.“

Европратеникот порача Македонија да не ги слуша злобниците кои велат дека на ЕУ не и се потребни нови проширувања и да продолжи со евроинтегрирањето.