Загуби, неисплатени плати за работниците, блокирана сметка, стара опрема... Раководството на прилепски „Еурокомпозит“ бара помош од Владата.
Блокирана сметка повеќе од година и половина, загуби по завршна сметка од околу 30 милиони денари, обврски кон доверителите од над милион и пол евра, 95 отсто крајно амортизирана опрема, 30 отсто од 420 работници се вишок. Ова е личната карта на прилепски „Еурокомпозит“, единствената фабрика во државата за наменско производство со целосно државен капитал, која стои на стаклени нозе. Вработените се закануваат со штрајк, ако итно не им се исплати јануарската плата и остатокот од 10 отсто што им е скусуван 6 месеци. Синдикатот, своите барања ги упатува на адреса на Владата.
„Да се обезбедат финансиски средства како за бруто плата, а исто така за тековно работење на фирмата. Ние овие финансиски средства не ги бараме бакшиш од нашиот работодавач, тие средства се сработени и ќе ги сработиме во наредниот временски период“, изјави Бранко Чатлески, претседателот на синдикатот на „Еурокомпозит“.
И менаџерите се со ист став. Бараат двете министерства, за одбрана и внатрешни работи, со оваа фабрика за наменско производство да ги склучат годинешните договори, зашто има капацитет да ги задоволи бараните стандарди за наменско производство. А, не да сеповтори ситуацијата од лани, кога договорот со министерството за одбрана се реализира само 60 отсто.
„Беше донесен ребаланс на буџетот, беше шестти месец минатата година, беа скратени средствата на Министерството за одбрана, а тоа скратување се одрази на релизација на тој договор што е префрлен оваа година. А, со Министерството за внатрешни работи, минатата година немаме склучено ниту еден договор“, вели директорот Никола Лучески.
„Еурокомпозит“, според менаџерите не може да ја надмине кризата, доколку не се реши еднаш трајно проблемот со превработеноста. Сто и дваесет од вкупно 420 работници се технолошки вишок, но за нив мора да се обезбеди социјален пакет, меѓутоа овој прилепски загубар нема пари за тоа.
„Во решавање на превработеноста, ветено беше дека ќе се бараат мерки во правец на интервенција со одредени средства со кои еднаш за секогаш ќе се реши тој проблем, ќе се намали бројот. Направена е и анкета тука“, вели Лучески.
Според него и вистинско чудо е како вработените произведуваат висококвалитетни материјали кои се извезуваат во Босна, Германија, Грција, Авганистан и на други пазари, ако се има предвид колку е амортизирана технолошката линија, која не е обновена со децении.
Владата е целосно запознаена со состојбите во фирмата, тврдат од раководството, во очекување мерки за надминување на проблемите.
Да се обезбедат финансиски средства како за бруто плата, а исто така за тековно работење на фирмата. Ние овие финансиски средства не ги бараме бакшиш од нашиот работодавач, тие средства се
сработени.
„Да се обезбедат финансиски средства како за бруто плата, а исто така за тековно работење на фирмата. Ние овие финансиски средства не ги бараме бакшиш од нашиот работодавач, тие средства се сработени и ќе ги сработиме во наредниот временски период“, изјави Бранко Чатлески, претседателот на синдикатот на „Еурокомпозит“.
И менаџерите се со ист став. Бараат двете министерства, за одбрана и внатрешни работи, со оваа фабрика за наменско производство да ги склучат годинешните договори, зашто има капацитет да ги задоволи бараните стандарди за наменско производство. А, не да се
Во решавање на превработеноста, ветено беше дека ќе се бараат мерки во правец на интервенција со одредени средства со кои еднаш за секогаш ќе се реши тој проблем, ќе се намали бројот. Направена е и анкета тука.