Според дел од лекарите, во здравството се спроведуваат концепциски грешни реформи. Според нив, прво треба да се реформира финансискиот систем, а потоа институциите.
По измените на Законот за високо образование, што дел од професорите го оценија како упад врз Универзитетот, деновиве и лекарите од Комората реагираат дека не се вклучени во ниту едно тело од ресорното Министерство за здравство. Во Синдикатот на Клиничкиот центар ја поддржуваат реакцијата на Комората за измените на Законот за здравствена заштита. Комората се најде погодена зашто се најде пред свршен чин, а треба да биде вклучена во подготовките, вели доктор Дејан Ставриќ. Како клучен проблем го посочува, како што вели, очигледното влијание на централната власт врз Министерството во поставувањето концепт во здравствената политика:
„Значи се реформираат работите од каде што не треба. Треба да се реформира прво финансискиот систем, односно Фондот за здравствено осигурување, а потоа институциите кои ги финансира истиот. Тоа е една од основните концептуални грешки кои се направени.“
Според него, она што е позитивна страна е кооперативноста на Министерството со базата:
„Она што ние го гледаме како проблем, моделот на плаќање по учинок, и веќе се работи со работни групи на реформа на тој модел.“
За разлика од Ставриќ, Симо Силјановски од Синдикатот на здравствените работници смета дека и Комората нив не ги консултира, иако за тоа го критикуваат Министерството:
„Ние со Комората имаме добра соработка, меѓутоа даваат изјава, кога беше намалувањето на капитација, дека ќе ги прекинат односите со партнерот, односноМинистерството, а никаде не ги ставаат луѓето од јавниот државен сектор. Јас плаќам Комора која е обврзна и за лиценцирање и за се, а некој вика дека ќе ги прекине односите, а мене не ме прашува.“
Сепак, има битна разлика од она што се случува во образованието и здравството. Ситуациите со законот кој се однесува на високото образование, Ненад Новковски, поранешен министер за образование ги објаснува како притисоци кои постојат на централно ниво. Од Министерството може да постои и пошироко гледање, но постојат некои од други центри кои одлучуваат надвор и од надлежните органи, вели Новковски:
„Станува збор за некои проблеми општо, од организацијата на владата, реализацијата на програмите кои што се носат на централно ниво и од недостатокот на самостојноста на функционирање на Министерството. Значи, во губењето на уставната позиција на Министерствата да имаат ресорна надлежност, што значи дека некој им кажува на министрите што да прават.“
Видовме дека за законот за високото образование иако беше определена дебата и решението за екстерно оценување беше повлечено, сепак истиот беше донесен по предлог на пратеници во Собранието. Како проблем се посочува и тоа што сега се носат решенија кои понатаму се туркаат поради отсуството на опозицијата во парламентот, па се гледа можност што побргу да се донесат.
Значи се реформираат работите од каде што не треба. Треба да се реформира прво финансискиот систем односно Фондот за здравствено осигурување, а потоа институциите кои ги финансира истиот. Тоа е една од основните концептуални грешки кои се направени.
„Значи се реформираат работите од каде што не треба. Треба да се реформира прво финансискиот систем, односно Фондот за здравствено осигурување, а потоа институциите кои ги финансира истиот. Тоа е една од основните концептуални грешки кои се направени.“
Според него, она што е позитивна страна е кооперативноста на Министерството со базата:
„Она што ние го гледаме како проблем, моделот на плаќање по учинок, и веќе се работи со работни групи на реформа на тој модел.“
За разлика од Ставриќ, Симо Силјановски од Синдикатот на здравствените работници смета дека и Комората нив не ги консултира, иако за тоа го критикуваат Министерството:
„Ние со Комората имаме добра соработка, меѓутоа даваат изјава, кога беше намалувањето на капитација, дека ќе ги прекинат односите со партнерот, односно
Значи во губењето на уставната позиција на министерствата да имаа ресорна надлежност, што значи дека некој им кажува на министрите што да прават.